Песјо Брдце

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Песјо Брдце“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески. Песната била објавена во збирката „Стари и нови песни“ од 1979 година, во изборот од поезијата на Конески со наслов „Птици врз кои ноќта и денот се делат: стоте песни“ (издание на Темплум од 2014 година),[1] како и во изборот од творештвото на Конески, „Збор и опит 1“ (издание на Арс Ламина-публикации, 2021).[2]

За песната[уреди | уреди извор]

Во есејот „Совпаѓања“, Конески наведува примери на некои искажувања во неговите песни за кои постои пандан во светската поезија. Еден од тие примери се однесува на стихот во „Песјо Брдце“ во кој се пее: „божем сум орал гнасна вода“. Долго време по објавувањето на оваа песна, Конески го прочитал есејот на Иво Андриќ во кој, пишувајќи за заморот што го чувствувал Симон Боливар при крајот на животот, тој го употребува изразор „да се ора морето“. Конески бил фрапиран од употребата на два израза кои имаат исто значење — залудна работа. Потоа, Конески дознал дека изразот „орање на морето“ се употребува во шпанскиот и во францускиот јазик. Во овој случај, совпаѓањето меѓу двата израза Конески го објаснува со истата сосотјба во која се нашле Боливар и Крале Марко.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Блаже Конески, Птици врз кои ноќта и денот се делат: стоте песни, Темплум, 2014.
  2. Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 89-90.
  3. Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 191-193.