Пепсин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Пепсин е ензим од желудникот кој ги разградува протеините до пептиди. Бил откриен во 1836 година од страна на Теодор Шван. Во желудникот се излачува како зимоген, пепсиноген, кој содржи дополнителни 44 аминокиселини, а тој се активира од страна на хлороводородната киселина во желудникот. Најефикасно дејство, пепсинот покажува во раскинување на пептидни врски помеѓу хидрофобни и ароматични аминокиселини како: фенилаланин, триптофан и тирозин.