Пајак-крстач
| Пајак-крстач | |
|---|---|
| Пајак-крстач во мрежа | |
| Научна класификација | |
| Царство: | Животни |
| Тип: | Членконоги |
| Класа: | Пајаковидни |
| Ред: | Пајаци |
| Подред: | Аранеоморфи |
| Фамилија: | Кругоплети |
| Род: | Кругоплети |
| Вид: | Пајак-крстач |
| Биномен назив | |
| Araneus diadematus Клерк, 1757 |
|
Пајакот-крстач, наречен и европски градинарски пајак или дијадемски пајак (лат. Araneus diadematus) е мошне распространет кругоплет пајак во западна и источна Европа. Живее и во делови од Северна Америка, од Нова Англија и југоисточните американски држави, па сѐ до северозападните држави и јужните предели на Канада.
Бојата им варира од многу светла жолта, па до многу темна сива, но сите се прошарани по грбот со пет или повеќе големи бели точки кои обликуваат крст. Белите точки се разултат на присуството на клетки кои содржат гуанин, кој е нуспродукт на протеински метаболизам.[1]
Третипт пар нозе се специјализирани за потпомагање при плетењето на кружни мрежи. Ги користат и за одење по мрежата без да се заплеткаат. Овие нозе се употребливи само во мрежата; кога пајакот е на земја, овие нозе се пасивни, бидејќи не се прилагодени за одење по цврста површина.
Пајаците-крстачи знаат и да цврчат кога се во опасност.
Овој пајак е прилично крупен, и затоа не е лесно да се испровоцира за да касне - но дури и ако касне, ова е само малку непријатно, и сосема безопасно за луѓето.
Мрежите ги плетат женките, кои се поголеми, и кои во нив седат главечки, како на сликата, и чекаат пленот да се заплетка во мрежата. Потоа тиа набрзина го грабнуваат и го обвиткуваат со свила, па го јадат. Забележано е дека пајаците-крстачи си ја ајдат мрежата заедно со фатениот плен, и сето тоа трае пар минути. Потоа изутрина плетат друга мрежа.
Мажјакот, кој е многу помал, ѝ приоѓа внимателно на женката при парење. Доколку не е внимателен, може да се случи таа да го изеде.
Содржина |
[уреди] Видете исто така
[уреди] Наводи
- ↑ Foelix, R.F. (1992). Biologie der Spinnen. Thieme (германски)
[уреди] Надворешни врски
- Пајак-крстач на Никовите пајаци на Британија и Европа (англиски)
- Европски кругоплетци на Пајаци на северозападна Европа (англиски)
- Светски каталог на пајаци (англиски)
[уреди] Галерија
-
Пајак-крстач во Србија
| Викивидови има информации поврзани со: Araneus diadematus |
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Пајак-крстач“ |
