Паскал Таскин

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Портрет на Паскал Таскин
Таскиново чембало

Паскал-Жозеф Таскин (француски: Pascal-Joseph Taskin) (1723-1793) бил француски изработувач на чембала и пијана. Денес се останати само седум негови чембала (сите со два мануела) и сите се одлични примери за доцната француска школа на изработка на чембала. Тие се карактеризираат со топол, богат тон, петоктавен дијапазон и 2x8', 1x4' плус диспозиција. Особено изучувано, копирано и свирено е негово чембало од 1769 до таа мера што, по тоа, ги надминува сите други во светот.

Таскин, како многу други француски изработувачи, реконструирал останати „Рукерс“ инструменти за да го зголеми нивниот дијапазон, но исто така правел фалсификат на Рукерсови инструменти. Последниот Таскинов инструмент за кој знаеме е двојно чембало кое датира од 1788, и има резонатор на чија розета стои „Andreas Ruckers“ и истата е насликана во фламански стил.

[уреди] Наводи

  • Kottick, Edward: A History of the Harpsichord. Bloomington, IN, Indiana University Press, 2003
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици