Пармскиот картузијански манастир

Од Википедија — слободната енциклопедија

Пармскиот картузијански манастир (француски: La Chartreuse de Parme) е роман на францускиот писател Стендал.

Содржина[уреди | уреди извор]

Романот се состои од предговор, датиран на 23 јануари 1839 година и 28 глави.

За романот[уреди | уреди извор]

Романот бил напишан во состојба на голема радост на авторот, поради што бил завршен за само 52 дена. Тој не е роман во класичната смисла на зборот, зашто обилува со множество детаљи и хетерогени елементи од сите книжевни жанрови, така што книгата може да се опише како амалгам од авантуристички, историски, лирски, психолошки и политички роман.[1] Во една статија посветена на овој роман, Балзак го оценил како „модерниот Владетелот, романот што Макијавели би го напишал кога би живеел, протеран од Италија, во XIX век.“[2]

Според познавачите на Стендал, во основата на романот се наоѓа животниот пат на папата Павле III од периодот кога го носел световното име Александар Фарнезе. Сепак, главниот лик на романот, Фабрис дел Донго, се разликува од својот прототип во две основни точки: прво, Фабрис е постојано прогонуван, доживува постојани неуспеси и завршува во манастир; второ, тој воопшто не бил циник како Фарнезе, туку се одликувал со благородна душа.[3]

Изданија на македонски јазик[уреди | уреди извор]

Издание на здружените издавачи од 1976 година[уреди | уреди извор]

Во 1976 година, неколку здружени издавачки куќи (Мисла, ЗИД Нова Македонија, Култура, Македонска книга и Наша книга) го објавиле романот во два тома. Преводот од француски јазик го направил Најден Настев, графичко обликување е дело на Коста Бојаџиевски, а коректор била Нада Ќорвезироска. Издавањето на книгата било поддржано од Републичката заедница на културата. Првиот том (13 глави од книгата, со обем од 265 страници) бил отпечатен во графичкиот завод „Гоце Делчев“ од Скопје, во декември 1975 година, во тираж од 2.000 примероци, додека вториот том (од 14. до 28. глава, со обем од 305 страници) бил испечатен во јануари 1976 година, во тираж од 2.000 примероци. На крајот од вториот том има и поговор кон делото, напишан од Божидар Настев.[4] [5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Божидар Настев, „Поговор“, во: Стендал, Пармскиот картузијански манастир – том втори. Скопје: Мисла, ЗИД Нова Македонија, Култура, Македонска книга, Наша книга, 1976, стр. 301.
  2. Божидар Настев, „Поговор“, во: Стендал, Пармскиот картузијански манастир – том втори. Скопје: Мисла, ЗИД Нова Македонија, Култура, Македонска книга, Наша книга, 1976, стр. 302.
  3. Божидар Настев, „Поговор“, во: Стендал, Пармскиот картузијански манастир – том втори. Скопје: Мисла, ЗИД Нова Македонија, Култура, Македонска книга, Наша книга, 1976, стр. 304.
  4. Стендал, Пармскиот картузијански манастир – том први. Скопје: Мисла, ЗИД Нова Македонија, Култура, Македонска книга, Наша книга,1976.
  5. Стендал, Пармскиот картузијански манастир – том втори. Скопје: Мисла, ЗИД Нова Македонија, Култура, Македонска книга, Наша книга,1976.