Пабло Алборан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Пабло Морено де Алборан Фернандиз (шпански: Pablo Moreno de Alborán Ferrándiz) (Малага, 31 мај 1989), попознат како Пабло Алборан (шпански: Pablo Alborán) е шпански пејач. Од почетокот на професионалната кариера па наваму 4 пати бил номиниран за Латинските Греми награди, од кои за 3 во 2011 година. Тој има издадено 2 студиски албуми, еден албум во живо, 6 синглови, 6 видео записи и повеќе соработки со други пејачи. Дебитираше во 2010 со својот прв официјален сингл, „Solamente tú“ (македонски: Само ти), прв сингл на неговиот дебитантски албум Pablo Alborán, пуштен во продажба во февруари 2011. Овој сингл го достигна првото место на топ листите уште во првата недела од издавањето.

Неколку месеци по издавањето на овој албум беше издаден и акустичниот албум En acústico, прв негов концерт кој бил снимен, кој исто така го достигна првото место во Шпанија. Неколку недели подоцна албумот бил издаден и во Португалија, каде исто така неколку недели се наоѓал на првото место.

Надворешни врски[уреди]