ПУ „Цветан Димов“ - Казандол

Координати: 41°16′25″N 22°34′25″E / 41.27361° СГШ; 22.57361° ИГД / 41.27361; 22.57361
Од Википедија — слободната енциклопедија
Цветан Димов

Поглед на основното училиште
Поглед на основното училиште
Место
Општина: Општина Валандово
Наречено по: Цветан Димов
Нас. место: Казандол
Адреса: с. Казандол
Местоположба

Карта

Основни информации
Основано: 1945
Број на ученици: 29 (2023/24)[1]
Настава на: турски
Контактни информации

Основно училиште „Цветан Димов“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Цветан Димов“ - Казандол; скратено: ПООУ „Цветан Димов“) — подрачно основно училиште во селото Казандол, претставува единка на училиштето „Јосип Броз Тито“ од градот Валандово.[2]

Училиштето е именувано по македонскиот народен херој Цветан Димов.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Објектот на училиштето се наоѓа во самото село Казандол, на самото сретсело.

Историја[уреди | уреди извор]

Старото училиште било изградено во 1936 година,[1] додека ново училиште било изградено во 2019 година.

Градба[уреди | уреди извор]

Површината на објектот е 112 метри квадратни и се загрева со печка на дрва.[1]

Настава[уреди | уреди извор]

Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува единствено на турски наставен јазик.[1]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Годишна програма за учебната 2023/24 г. ООУ „Јосип Броз Тито" - Валандово“. ОУ „Јосип Броз Тито“ - Валандово. август 2023 г. Посетено на 20 јануари 2024. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  2. „За нас“. ООУ „Јосип Броз Тито“. Посетено на 20 јануари 2024.

41°16′25″N 22°34′25″E / 41.27361° СГШ; 22.57361° ИГД / 41.27361; 22.57361