Основен суд Струмица

Координати: 41°26′16″N 22°38′20″E / 41.43778° СГШ; 22.63889° ИГД / 41.43778; 22.63889
Од Википедија — слободната енциклопедија

Основен суд Струмица — суд со основна надлежност сместен во градот Струмица и го опфаќа подрачјето на општините Струмица, Василево, Босилово и Ново Село.[1] Воедно, овој суд има и проширена надлежност за подрачјето на судовите во Струмица и Радовиш.

Судот во Струмица ја извршува судската власт во прв степен во рамките на гореспоменатите општини. Основниот суд во Струмица одлучува за сите дела во прв степен по кривични дела и прекршоци извршени на подрачјето на општините.

Историја[уреди | уреди извор]

Старата зграда на судот

Основниот суд во Струмица, како и останатите судови во Македонија, бил основан со Повелбата на Президиумот на АСНОМ за устројство на првите судови во Македонија на 31 март 1945 година. Првично, судот работел во денешниот објект на Собранието на Општина Струмица, а подоцна преминал во друга зграда во стариот дел на Струмица.

Во 1947 година, судот се преселил и ја продолжил работата во простории од приватна зграда на улицата „Благој Мучето“. Во 1951 година, судот пак се преселил и работел во старата зграда.

Во 1952 година, судот станал надлежен и за судското подрачје на Радовиш, откако радовишкиот суд бил укинат и споен со струмичкиот.

Внатрешна организација[уреди | уреди извор]

Основниот суд во Струмица е поделен на пет одделенија: приемно, граѓанско, прекршочно, кривично и извршно одделение.

Претседатели на судот[уреди | уреди извор]

Од неговото основање во 1945 година, претседатели на ОС Струмица биле следниве:

  • Сулејман Сулејманов
  • Трајко Калајџиски
  • Љупчо Арапов
  • Васил Папестиев
  • Михаил Ефтимов
  • Ѓорги Мицев
  • Димитар И. Витанов
  • Александар Токарев
  • Стево Веслиевски
  • Нада Бајрактарова
  • Ѓорги Маневски
  • Емил Глигоров
  • Татјана Малинова

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Закон за судовите“ (PDF). Министерство за правда на Македонија. Службен весник на Република Македонија. Посетено на 11 октомври 2016.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

41°26′16″N 22°38′20″E / 41.43778° СГШ; 22.63889° ИГД / 41.43778; 22.63889