Ослободителни тигри на Тамил Елам

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ослободителни тигри на Тамил Елам
Bandera LTTE.png
Функционира 5 мај 1976 – сегашност
Водач Велупилај Прабакаран
Цели Создавањето на посебна Тамилските држава во северниот и источниот дел на Шри Ланка
Подрачја Шри Ланка
Обединето Кралство
Канада
САД
Европска Унија
Идеологија Национализам
Статус Неактивни. Воено поразени во мај 2009 година [1]. Дефинирани како терористичка организација од страна на 32 држави.

Ослободителни тигри на Тамил Елам (на тамилски: தமிழீழ விடுதலைப் புலிகள்) или Тамилски Тигри се сепаратистичка милитантна организација стационирана во северниот дел на Шри Ланка. Основана е во мај 1976 година од страна на Велупилај Прабакаран, започнала кампања за создавање на независна држава во северниот и источниот дел на Шри Ланка за тамилскиот народ [2]. Оваа кампања еволуирала во граѓанска војна, која траеше од 1983 до 2009 година, кога Тамилските тигри беа поразени од Шри владината војска на Шри Ланка. [3][4].

Во екот на нивната моќ, Тигрите поседувале добро организирана милиција и изведувале напади од многу висок профил, вклучувајќи ги и атентати на неколку високи политичари на Шри Ланка и Индија. Тамилските тигри се единствената терористичка организација во светот која извршила атентати врз двајца лидери, претседател на Шри Ланка, Ранасинге Премадаса во 1993 година и поранешниот индиски премиер Раџив Ганди во 1991 година. Тигрите се пионери во користењето на самоубиствени појаси и мали авион за извршување на напди. Поради нивната тактики, во моментов тие се дефинирани како терористичка организација од страна на 32 држави , но имаат голема поддршка меѓу тамилската дијаспора во Европа и Северна Америка, и меѓу некои Тамилци во Индија.

Во нападите на Тамилските Тигри честопати загинувале цивили, а организцијата за човекови права како што се UTHR тврди дека Тигрите убиле најмалку 8 000 Тамилци кои биле жигосани како предавници на нивната кауза [5]. Основач на Ослободителните тигри на Тамил Елам е Велупилај Прабакаран, тој бил на чело на организација од нејзиното формирање па се до неговата смрт во 2009 година [6].

Во текот на конфликтот, Тамилските тигри го контролирале североисточниот дел на Шри Ланка и воделе жестока воена конфронтација со владините сили. Тамилските тигри контролирале на 76% од териториите во северните и источните провинции на Шри Ланка, во својата кулминација во 2000 година. Тигрите биле инволвирани во четири неуспешни мировните разговори со владата на Шри Ланка во текот на конфликтот. На почетокот на финалната рунда на мировните преговори во 2002 година, Тамилските тигри, со контролирале област од 15.000 км2 и создале една мини-држава. По прекинувањето на мировниот процес во 2006 година, владините сили на Шри Ланка започнале офанзива против Тигрите. Владината армија ги поразила воено Ослободителните тигри на Тамил Елам и вопсотавила контрола над нивната територија. Победа над Тамилските тигри беше прогласена од страна претседателот на Шри Ланка Махинда Раџапакса на 16 мај 2009, а на 17 мај 2009 година Тамилските тигри го признале поразот. Селвараса Патманатан кои се обидел да го наследи Прабхакаран како лидер на Тамилските тигри бил уапсен во Малезија и предаден на Шри Ланка.

Извори[уреди]