Олга Тројачанец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Олга Тројачанец
Родена 1937
Починала 27 ноември 2011
Скопје, Македонија Македонија
Занимање германист и универзитетски професор

Олга Тројачанец ( 1937 - Скопје, 27 ноември 2011) била македонски универзитетски професор и доејен на македонската германистика.

Животопис[уреди | уреди извор]

Тројачанец е родена во 1937 година. Таа во 1957 година била меѓу 12-те студенти од првата генерација на Катедрата за германски јазик и литература при Скопскиот универзитет, а подоцна, по студиските престои во Германија, во 1976 година била соосновач на Македонското здружение на наставници по германски јазик и го иницирала основањето на „Гете институтот“ во Скопје.

Од 1986 до пензионирањето во 2002 година била професорка и директорка на Центарот за странски јазици и предавач на Филолошкиот факултет, а од 2002 и косопственик на училиштето за јазици „Лингвалинк“. Тројачанец е првата Македонка која е одликувана со Орден за заслуги од претседателот на Германија. Орденот го добила во 2008 година, за нејзините долгогодишни заслуги во ширењето на германскиот јазик во Македонија.[1] починала на 27 ноември 2011 во Скопје, каде што и почива.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Орден за заслуги на Германија за професорката Олга Тројачанец“. Дневник. 2 ноември 2008, 15:29. Посетено на 2011-12-04. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  2. „Почина професор Олга Тројачанец“. На видику.еу. 28 ноември 2011 21 :00. Посетено на 2011-12-04. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]