Озборувачка (ТВ серија)
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Озворувачка Gossip Girl |
|
Озборувачка насловното лого |
|
| Формат | Тинејџерска драма Комедија |
|---|---|
| Развиена од | Џош Шварц Стефани Саваџ |
| Настапуваат | Блејк Лајвли Лејтон Мистер Пен Беџли Чејс Крафорд Тејлор Мамсен Ед Вествик Џесика Сзор Кели Ратерфорд Метју Сетл |
| Раскажувано од | Кристен Бел |
| Најавна песна | Transcenders |
| Композитор(и) | Transcenders |
| Земја на потекло | САД |
| Број на сезони | 3 |
| Број на епизоди | 43 (Листа на епизоди) |
| Продукција | |
| Изврш(ен/ни) продуцент(и) | Џош Шварц Стефани Саваџ Боб Леви Лесли Морџенстин Џон Стивенс |
| Емитување | |
| Канал на емитување | The CW |
| Емитување | 19 септември, 2007 – сè уште |
|
|
|
Озборувачка (англиски: Gossip Girl) е aмериканска драмска телевизиска серија базирана на истоимениот серијал од книги напишан од Сесили вон Зиџезар. Серијата е направена од страна на Џош Швартц и Стефани Саваџ и за прв пат почнала да се прикажува на 19ти септември 2007 година. Раскажувано од сезнајната сè уште невидена блогерка „Озборувачка“, дејството во серијата се врти околку животите на богати тинејџери од едно елитно приватно училиште. Серијата започнува со враќањето на Серена ван дер Вудсен (Блејк Лајвли) од непозната причина од училиштето во Конектикат. Блер Волдорф (Лејтон Мистер), која е претставена како кралица на популарноста во училиштето е долгогодишна пријателка, а сега ривалка на Серена.Приказната исто така го следи и животот на Чак Бејс (Ед Вествик), "маалското" лошо момче, Нејт Арчибалд (Чејс Крафорд), најдобриот пријател на Чак и некои други споредни ликови кои по игра на случајот се вмешуваат во оваа приказна: Ден Хемпфри (Пен Беџли), пријателот на Нејт и Ванеса Абрамс (Џесика Сзор), најдобриот пријател на Ден и неговата амбициозна сестра Џени (Тејлор Мамсен).
Продукција
Епизоди
Секоја епизода започнува со блог страница на Озборувачката со сликата на Серена. Потоа се покажуваат повеќе настани и повторно се враќа истата блог страница меѓутоа овојпат на неа има слика од некој друг карактер и коментар во врска со некоја случка. Нараторот е секогаш Озборувачката чиј глас го исполнува Кристен Бел. Таа секогаш ја започнува епизодата со реченицата "Озборувачката тука, вашиот единствен и најдобар извор за скандалозните животи на елитата на Менхетн" и обично ја завршува епизодата со "Знаеш дека ме сакаш. Озборувачката."
Локации на снимање
-Њујорк
-Менхетн
-Бруклин
