Оди и разна поезија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Оди и балади

Оди и разна поезија се збирка на песни од Виктор Иго објавени од 1822 до 1828

Тоа се најкомплетни збирки на поезија од Виктор Иго, објавени помеѓу 1822 и 1828 година. Составени се од пет книги збирки на оди и една книга збирка на балади.

Спаѓаат меѓу најраните негови дела. Покрај откривањето на неговиот тогашен ројалистички - католички поглед на светот, збирките ги содржат неговите првични уметнички и творечки верби, вдахновенија и размислувања. Во нив се чувствува и неговата грижа и припаѓање кон класичните облици во поглед на структурата на текстот а во однос на вдахновението и изразот присутна е неговата оригиналност, бујна фантазија и елементи кои го најавуваат идниот генијален книжевник. Како и кај речиси секој голем писател, и кај него, творечката младост е поврзана со поетскиот израз во кој ги сублимира своите почетоци кои го создаваат неговиот стил и стилистика[1], [2]

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Victor Hugo, Odes et Ballades, éd. de Pierre Albouy, Paris, Gallimard, coll. « Poésie », 1980
  • The essential Victor Hugo. Translated by E. H. Blackmore, A. M. Blackmore. Oxford University Press, 2004

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Odes et poésies diverses“. Архивирано од изворникот на 2020-10-27. Посетено на 2021-01-05.
  2. POÉSIES DIVERSES,