Одвеано со виорот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Одвеано со виорот
Насловна на првото издание на книгата
АвторМаргарет Мичел
ЗемјаСАД
ЈазикАнглиски
ЖанрИсториски роман, Романса
ИздавачИздавачка куќа Макмилијан
Издадена
10 јуни 1936 [1]

„Одвеано со виорот“ (англиски: Gone with the Wind) — роман на Маргарет Мичел, објавен во 1936 година. Припаѓа на литературниот поджанр историска романса. Романот, исто така, е опишан и како почеток на класичниот еротско-историски жанр, со тоа имплицирајќи дека содржи мала доза на порно. Дејството се одвива во Округ Клејтон, Џорџија, и во Атланта за време на американската граѓанска војна и Реконструкцијата. Ги опишува искуствата на Скарлет О’Хара, разгалена ќерка на богат сопственик на плантажи, која по секоја цел мора да излезе од сиромаштијата во која ќе западне по Шермановиот „Марш кон морето“.

Маргарет Мичел започнала да ја пишува книгата во 1926 година во слободното време, закрепнувајќи од повреда предизвикана од сообраќајна несреќа. Во април 1935 година, Харолд Латам од „Макмилијан“, уредник кој трагал по нов роман, го прочита тоа што таа го напишала, и во него препознал бестселер. Откако Латам се согласи да ја објави книгата, Мичел 6 месеци ги проверуваше историските референции, и неколкупати ја променуваше почетната глава од романот. Мичел и нејзиниот сопруг Џон Марш, уредник, ја уредија конечната верзија. Мичел прво ги напиша последните моменти од книгата, а потоа случувањата што довеле до нив.

Мичел незнаеше што се случува со нејзините љубовници Ред Батлер и Скарлет О’Хара, откако романот завршува, и рече: „Јас мислам дека Ред би можел да најде некоја друга која не е толку тешка.“

Мичел за оваа книга доби Пулицерова награда за роман во 1937 г. Книгата беше адаптирана на американски филм во 1939 г. Одвеано со виорот е единствениот објавен роман на Мичел.

Наслов[уреди | уреди извор]

Авторката привремено го насловила романот Утре е нов ден, според неговата последна реченица. Други предложени наслови беа: Трубите пееја за вистината, Не е под нашето небо, и Носење на тешкиот товар. Конечниот наслов е од првата реченица од третата строфа од поемата „Non Sum Qualis Eram Bonae sub Regno Cynarae“ од Ернест Досон:

Многу заборавив, Синара! однесени од ветрот,

Расфрлени лилјани, лилјани кои танцуваат со ројот,

Да ги исфрлат твоите бледи, загубени рози од умот;

Скарлет О’Хара го користи насловот како фраза кога се прашува себеси дали нејзиниот дом на плантажата наречена „Тара“ сè уште постои или е „одвеан со виорот што ја зафати Џорџија“. Всушност, насловот е метафора за променетиот начин на живот во југот по граѓанската војна. Во контекстот на поемата на Досон за „Синара“, фразата „одвеано со виорот“ се однесува на губење на еротика. Поемата изразува жалење на некој кој ги загубил своите страсти за неговата „стара страст“, Синара.

Кратка содржина[уреди | уреди извор]

Дејството се одвива во јужниот дел на САД во Џорџија за време на американската граѓанска војна (1861-1865 г.) и Реконструкцијата по војната (1865-1877 г.). Романот се развива во позадина на бунтот на седум јужни држави, меѓу кои и Џорџија, кои објавија нивно одделување од САД („Унијата“), и ги формираа Конфедеративните Американски Држави („Конфедерацијата“), откако Абрахам Линколн беше избран за претседател, без гласовите од десет јужни држави каде што ропството беше легално. Се појави спор околу правата на државите кој ги вклучи африканските робови кои беа работна рака на плантажите со памук низ југот. Приказната започнува во април 1861 г. на плантажата „Тара“, сопственост на едно ирско имигрантско богато семејство, О’Хара. Скарлет О’Хара е претставена како шеснаесетгодишната ќерка на Џералд и Елен О’Хара, која не е убава, но има влијание врз мажите, особено кога ќе и влезат во око. Дејството започнува еден ден пред мажите да бидат повикани на војна, а два дена по запалувањето на тврдината Форт Сумтер.

Има кратки но јасни описи на југот, како сè започнало и се развивало, со главните одлики: стилски и културен француски, џентлменски англиски, избегнување и исмејување на ирски јазик. Госпоѓицата Скарлет дознава дека еден од многуте нејзини убавци, Ешли Вилкс, наскоро ќе се сврши со неговата братучеда Мелани Хамилтон. Тоа ја погодува многу. Наредниот ден на скара кај Вилкс кај „Дванаесетте дабови“, Скарлет му изјавува љубов на Ешли и тој признава дека таа му се допаѓа. Сепак, тој знае дека нема да биде среќен во брак со Скарлет поради нивните карактерни разлики. Скарлет му се налутува на Ешли, а тој тоа го прифаќа смирено.

Тогаш Скарлет го запознава Рет Батлер, човек кој носи елегантна облека и има репутација на лукав човек. Рет бил веќе влезен во библиотеката кога Ешли и Скарлет влегуваат, и мисли дека е попаметно да остане скриен додека тие разговараат. Рет и аплаудира на Скарлет за нејзиното однесување кон Ешли, кое не доликува на една дама. Разбеснета и понижена, Скарлет му вели на Рет дека тој „не е достоен ни да му ги брише чевлите на Ешли“.

Кога ја напушта библиотеката и се придружува на другите гости на забавата, таа дознава дека е објавена војна и дека мажите ќе се пријават. Сакајќи да му се одмазди на Ешли за неговото одбивање, Скарлет прифаќа да се омажи за брат и на Мелани, Чарлс Хамилтон. Тие се венчаваат по две недели. Две недели по започнувањето на војната Чарлс умира од мали сипаници. Скарлет е трудна со нејзиниото прво дете. Како вдовица на едвај 16 години, таа раѓа момче, Вејд Хамптон Хамилтон, крстен по татко му. Бидејќи е вдовица таа мора да е облечена во црно и да избегнува разговор со млади мажи. Таа е безнадежна поради ограничувањата.

Тетка Питипат, која живее со Мелани во Атланта, ја поканува Скарлет да остане кај нив. Во Атланта таа се расположува и се зафаќа со работа во болница и шиење за Конфедеративната армија. Скарлет повторно налетува на Рет Батлер на игранка за Конфедерацијата. Иако Рет верува дека војната е само загуба, тој профитира од рушење на блокади. Мажите мора да наддаваат пари за танц со дама, и Рет понудува „150 долари во злато“ за танц со Скарлет. Сите се шокирани од понудата на Рет за Скарлет, вдовица која сè уште носи црно. Мелани ја брани Скарлет бидејќи таа ја поддржува Каузата за која нејзиниот сопруг Ешли се бори.

За Божиќ (1863 г.), Ешли е награден со привремено отсуство од армијата и се враќа во Атланта за да биде со Мелани. Војната не се одвива добро за Конфедерацијата. Атланта е под опсада (септември 1864 г.), „опколена од три страни“, луѓето паѓаат во очај, додека стотици повредени војници на Конфедерацијата лежат во градот, умираат или се веќе умрени. Мелани се породува, а само неискусната Скарлет е со неа да и помогне, бидејќи сите доктори се зафатени со војниците. Приси, млада слугинка, црнка, очајнички и исплашено плаче, „Јенките доаѓаат!“. Во овој хаос, Скарлет е оставена сама на себе, и плаче за комфорот и безбедноста на нејзината мајка и Тара. Растроената армија на Конфедеративната држава запалува оган до Атланта додека тие бегаат и ја препуштаат на Армијата на Унијата.

Мелани раѓа момче по име Бо, и тие мора да најдат засолниште. Скарлет и вели на Приси да го најде Рет, но таа се плаши да трча наоколу во мракот. Скарлет на тоа и возвратува „Зарем си го изгубила разумот?“ Тогаш Приси го наоѓа Рет, и Скарлет го моли да ја земе неа заедно со Вејд, Мелани, Бо и Приси во Тара. Рет се смее на таа идеја, но сепак краде изнемоштен коњ и мал вагон, и го следат повлекувањето на армијата од Атланта. На пола пат до Тара, Рет се предомислува и ја остава Скарлет да се придружи на армијата. Скарлет стигнува до Тара каде што нејзиниот татко Џералд ја пречекува на скалите. Јасно е дека работите драстично се промениле: Џералд го изгубил разумот, мајката на Скарлет е почината, нејзините сестри се болни од тифусна треска, робовите си заминале по ослободувањето, Јенките го запалиле целиот памук, и во куќата нема храна. Долгата и исцрпувачка борба за опстанок започнува со тоа што Скарлет почнува да работи на полињата. Има гладни луѓе кои треба да се нахранат а нема храна. Присутна е и заканата од Јенките кои крадат и палат, и во еден момент Скарлет убива мародер на Јенките со само еден истрел од пиштолот на Чарли, оставајќи „крвава локва кај носот“.

Голема редица од Конфедеративни војници кои се враќаат дома, застануваат кај Тара за да јадат и да се одморат. Двајца мажи остануваат, инвалиден крекер, Вил Бентин и Ешли Вилкс, којшто е психички скршен. Животот на Тара полека започнува да се подобрува кога се појавува нова закана во форма на данок.

Скарлет познава само еден човек кој има доволно пари да и помогне да го плати данокот, Рет Батлер. Таа оди до Атланта да го најде но дознава дека тој е во затвор. Напуштајќи го затворот, Скарлет налетува на Френк Кенеди, кој е свршен со нејзината сестра Суелен, и поседува продавница во Атланта. Набрзо сфаќа дека Френк има пари, смислува заговор и му кажува на Френк дека Суелен се предомислила и дека не сака да се омажи за него. Потоа Френк се предава на женствениот шарм на Скарлет и се жени со неа две недели подоцна, верувајќи дека „за првпат во неговиот живот направил нешто романтично и возбудливо“. Сакајќи Скарлет секогаш да зрачи и да биде среќна, Френк и дава пари за таа да го плати данокот на Тара.

Додека Френк е болен, тетка Питипат го негува, а Скарлет ги наоѓа сметките во продавницата, и дознава дека многу негови пријатели му должат пари. Таа сега е исплашена за данокот и одлучува дека потребни се многу пари. Таа го презема водењето на бизнисот додека тој е отсутен и многумина жители на Атланта се огорчени од нејзините бизнис постапки. Потоа позајмува пари од Рет и купува пилана која самата ја управува, на начин кој не и доликува на една дама. За среќа на Френк, Скарлет дознава дека е бремена, и тоа ги намалува нејзините активности. Го убедува Ешли да дојде во Атланта и да управува со мелницата, и дека сè уште е заљубена во него. Мелани го убедува и тој ја прифаќа работата во мелницата. Мелани наскоро станува центар на општествените кругови во Атланта, а Скарлет раѓа девојче по име Ела Лорена. „Ела на баба и Елен, и Лорена бидејќи тоа беше најмодерното име за девојчиња во тоа време“.

Државата Џорџија е под воена власт и животот таму станувал се пострашен. За заштита, Скарлет го чувала пиштолот на Френк напикан во тапацирот на колата. Нејзините патувања од и до мелницата ја носат преку еден сиромашен дел на градот каде што живеат криминалци. Една вечер враќајќи се од мелницата, Скарлет се соочува со двајца мажи кои се обидуваат да ја ограбат, но таа успева да побегне со помош на Биг Сем, црнец, поранешен надзорник на Тара. Сакајќи да го одмазди нападот врз неговата жена, Френк и Кју Клукс Кланот го напаѓаат сиромашниот град, каде што Френк е застрелан. Скарлет повторно е вдовица.

За да го спаси од апсење човекот што учествувал во нападот на сиромашниот град, Рет почнува да глуми. Тој влегува во домот на Вилкс заедно со Хју Елсинг и Ешли, пеејќи и преправајќи се дека се пијани. Офицери на Јенките го распрашува Рет надвор, и тој му кажува дека таа вечер со другите мажи биле во борделот на Били Ватлинг, а потоа Били ја потврдува таа приказна. Мажите му се должни на Рет бидејќи ги спасува, и тоа малку го подобрува нивното мислење за него, но нивните жени, со исклучок на Мелани, се бесни што Били Ватлинг е заслужна за спасувањето на нивните мажи.

Френк Кенеди лежи студен во ковчег во тивкиот спокој на салонот на тетка Питипат. Скарлет жали. Кога Рет доаѓа таа пие ракија од шишето на тетка Пити. Низ солзи му вели на Рет „Се плашам дека ќе умрам и ќе одам во пеколот“, на што Рет и одговара „Можеби не постои пекол“. Пред да продолжи да плаче, Рет ја запросува велејќи „Секогаш се трудев да те имам, на еден или друг начин“. Скарлет му кажува дека не го сака и дека не сака да се мажи повторно. Сепак, Рет страсно ја бакнува и во момент на слабост таа се согласува да се омажи со него. Една година подоцна, Скарлет и Рет ја објавуваат нивната свршувачка.

Во градот се зборува за претстојната венчавка. Госпоѓа и господин Батлер трошат многу на нивниот меден месец во Њу Орлеанс. Кога се враќаат во Атланта, парот се сместува во невестинскиот апартман во Национал Хотел додека се гради нивниот нов дом на Пичтри Стрит. Скарлет одбира модерен дом во стилот на шведска вила, како тој што го видела во „Харперс Викли“, и црвен тапет, танок црвен тепих и црн мебел од ореово дрво. Рет ја опишува куќата како „архитектонски хорор“. Кратко по вселувањето на семејството Батлер во новиот дом, саркастичните подбуцнувања меѓу нив се претвораат во огромни кавги. Скарлет се прашува зошто Рет се оженил со неа. Потоа „со вистинска омраза во нејзините очи“, му кажува на Рет дека е бремена со дете што не го сака.

Вејд има седум години во 1869 г., кога неговата сестра Евгенија Викторија, крстена по две кралици, доаѓа на свет. Таа има сини очи како Џералд О’Хара, и Мелани ја нарекува „Бони Блу“, според знамето на Конфедерацијата.

Кога повторно се чувствува добро, Скарлет оди до мелницата и разговара со Ешли кој е сам во канцеларијата. По разговорот таа почнува да верува дека Ешли уште ја сака и дека е љубоморен на нејзиниот однос со Рет, и таа помисла ја возбудува. Таа се враќа дома и му кажува на Рет дека не сака повеќе деца. Оттогаш, Рет и Скарлет спијат во различни соби, и кога Бони ќе има 2 години, спие во мал кревет покрај креветот на татко и (со запалени светла, бидејќи се плаши од темница). Вниманието на Рет е целосно насочено кон Бони, тој е луд по неа, ја разгалува, и се грижи за нејзината репутација кога ќе порасне.

Мелани тајно организира роденденска забава за Ешли. Скарлет оди во мелницата да го задржува Ешли сè до забавата, ретка можност за неа да биде насамо со него. Кога ќе го види „таа повторно се чувствува како да има 16 години, возбудена и без здив“. Ешли и кажува дека изгледа прекрасно, и се сеќаваат на деновите кога биле млади и зборуваат за нивните животи сега. Наеднаш очите на Скарлет се наполнуваат со солзи и Ешли ја прегрнува. Тогаш Ешли ја здогледува неговата сестра Индија Вилкс како стои на вратата. Озборувањата за аферата меѓу Ешли и Скарлет почнуваат да се шират уште пред да почне забавата, и доаѓаат до ушите на Рет и Мелани. Мелани одбива да прифати такви критики од нејзината золва и ја брка Индија Вилкс од нивниот дом, што предизвикува конфликти во семејството. Рет, пијан, како што Скарлет никогаш го нема видено, се враќа дома многу подоцна од неа. Неговите очи се крвави, мрачен е, и се однесува насилно. Ја принудува Скарлет да пие со него. Не сакајќи да покаже страв, Скарлет наеднаш пие една пијачка, станува од столот, и тргнува кон својата соба. Но Рет ја застанува и ја притиснува до ѕидот. Скарлет му вели дека е љубоморен на Ешли, а тој ја обвинува дека Ешли е „многу голем залак за неа“. Тој и вели дека би можеле да бидат среќни заедно „бидејќи ја сакал и ја познавал“. Рет тогаш ја зема во своите раце и ја носи по скалите до нејзината соба, каде што страста се разгорува.

Наредното утро Рет го напушта градот со Бони и Приси и останува таму 3 месеци. На Скарлет почнува да и недостига Рет, но не е сигурна дали уште ја сака, бидејќи бил пијан кога и го кажал тоа. Таа дознава дека е бремена со нејзиното четврто дете.

Денот кога Рет си доаѓа дома, Скарлет го чека на скалите. Таа се прашува дали тој ќе ја бакне, но тој не ја бакнува за да ја изнервира. И вели дека е бледа. А таа му кажува дека е бледа бидејќи е трудна. Рет саркастично прашува дали таткото е Ешли. Таа го нарекува бесрамник, и му вели дека ни една жена не би посакала негово дете. На тоа Рет и одговара „немој да бидеш тажна, можеби ќе имаш спонтан абортус“. На тој коментар Скарлет му се смее, но згазнува настрана и паѓа по скалите. За првпат во нејзиниот живот таа е сериозно болна, има скршени ребра и го губи бебето. Рет е безнадежен, и смета дека ја убил. Пијан,во скутот на Мелани, липа и признава дека бил љубоморен бесрамник.

Скарлет е слаба и бледа, оди на Тара со Вејд и Ела, за да закрепне од „зелените полиња со памук“. Се враќа здрава и заминува во мелницата кај Ешли. Забележува дека однесувањето на Рет е драстично сменето. Трезен е, љубезен, фин, и навидум незаинтересиран. Иако и недостига стариот Рет, Скарлет е задоволна.

Во 1873 г. Бони има 4 години. Таа е весела и жива, го држи татко и во рака, а тој и дава сè што ќе посака. Дури и Скарлет е љубоморна на вниманието на Рет. Рет го јава коњот низ градот а Бони седи пред него, но дадилката „Мами“, инстистира дека не е соодветно девојче да јава коњ, бидејќи фустанот лета нагоре. Рет ја послушува и и купува на Бони шетландско пони, кое таа го нарекува „Мистер Батлер“, и ја учи да го јава со нозете настрана. Потоа Рет изнајмува момче на кое му плаќа 25 центи за да го научи Мистер Батлер да прескокнува дрвени пречки. Кога Мистер Батлер ќе научи да скока пречка висока околу 30 см., Рет ја качува Бони и ги прескокнуваат пречките и грмушките со рози на тетка Мели.

Облечена во нејзината сина кадифена облека за јавање со црвен пердув на нејзината капа, Бони го тера татко и да ја крене пречката повисоко. Тој се сложува, велејќи и да не плаче потоа ако падне. Бони и довикува на мајка и „Гледај ме!“. Понито галопира кон дрвената пречка, но се сопнува, рушејќи го дрвото. Мистер Батлер се тркала на земјата, застанува на нозете и тргнува со празно седло. Малата госпоѓица „Бони Блу“ Батлер е мртва.

По смртта на Бони, Рет е често пијан и разбушавен, додека Скарлет, иако е во длабока жалост, подобро се справува со ситуацијата. Малку подоцна, со предвремената смрт на Мелани Вилкс, Рет одлучува дека го сака само мирот што некогаш го имал на југот, и ја напушта Атланта за да го пронајде тој мир. Во меѓувреме, Скарлет сонува за љубовта што толку време ја одбегнувала. Сепак, таа сè уште ја има Тара, и е решена повторно да го освои Рет, и си вели „утре е нов ден“.

Дискусија во врска со содржината[уреди | уреди извор]

Структура[уреди | уреди извор]

Маргарет Мичел ја напиша Одвеано со виорот хронолошки, врз основа на животот и искуствата на главниот лик, Скарлет О’Хара, од нејзиното детство до зрелоста. (Во романот, од 1861- 1873 г., Скарлет расте од 16 години до 28 години). Во раскажувањето на приказната е употребена литературната техника билдунгсроман што означува тип на роман во кој е опишано моралното и психолошкото созревање на главниот лик од млад до неговата зрелост. Растењето и образованието на Скарлет О’Хара е под влијание на случувањата од тоа време. Мичел употребува мазна линеарна наративна структура. Романот е познат по својата разбирливост. Содржината е богата со ликови полни со живот.

Ропство[уреди | уреди извор]

Ропството во Одвеано со виорот е како позадина на други важни работи во приказната. Роман за јужните плантажи (исто така позната како Анти-Том литература) од почетокот на 19 век, кулминирајќи во Одвеано со виорот, е напишан од перспективата на робовладетелите и настојува да ги прикаже робовите како послушни и среќни.

Ликовите во романот се поделени во две основни групи според класата: сопственици на плантажи од белата раса, како Скарлет и Ешли, и домашните помошници од црната раса. Робовите во Одвеано со виорот се главно верни слуги, како Мами, Порк, Приси и чичко Питер. Во споредба со другите романи, во романот на Мичел, слугите се на највисоко ниво. И покрај тоа што Прокламацијата за еманципација од 1863 г. и последователно Тринаесеттиот амандман од 1865 г. ги ослободи, тие сепак остануваат покрај своите господари. За слугите кои останале на Тара, Скарлет вели „Во нив имаше неуништлива верност, неуморност и љубов што не може да се купи“.

Робовите кои работат во полињата се најниската класа во системот на подредување на Мичел. Тие заедно со надзорникот, Биг Сем, се однесени од Конфедерацијата да копаат јами, и никогаш не се враќаат на плантажата. Сепак Мичел пишува дека има робови од полињата кои биле „лојални“ и одбиле да ја користат својата слобода“, но во романот нема такви ликови кои останале на плантажата по нивното ослободување.

Џејмс Стерлинг, британски писател кој во 1857 ги посетил Јужните Соединети Држави, ја опишува разликата меѓу куќните помошници и робовите во полињата, во својата книга „Писма од земјата на робовите“:

„Во проценувањето на благосостојбата на робовите, неопходно е да се направи разлика меѓу нивните состојби. Најголемата разлика во поглед на нивната благосостојба е меѓу куќните помошници и слугите на фармата од една страна, и работниците на полињата од друга страна. Состојбата на куќните помошници е релативно подобра“.

Вилијам Велс Браун, во 1847 г. објави расказ за робовите, во кој зборува за разликите во состојбите на куќните помошници и работниците во полињата:

„Во време кога господин Кок беше надзорник, јас бев куќен помошник - ситуација која ја претпочита работникот на поле, бидејќи бев подобро нахранет, подобро облечен, не бев приморан да скокнам да ја отворам вратата, туку можев да отворам многу подоцна. Често лежев и го слушав звукот на камшикот и пискањата на робовите“.

Иако романот е над 1000 страници, Мами никогаш не помислила каков би и бил животот далеку од Тара. Таа ја гледа нејзината слобода како доаѓа и си оди, велејќи со задоволство „Јас сум слободна г-ца Скарлет, не можеш да ме пратиш негде каде што не сакам да одам“ , но таа се чувствува одговорна за „Девојчето на госпоѓа Елен“.

Осумнаесет години пред објавувањето на Одвеано со виорот, во една статија насловена „Старата црна мами“, објавена во „Конфедерет Ветеран“ во 1918 г. е опишан погледот на романтизмот врз ликот на мами, што се пренесе во литературата на југот:

''„...Поради нејзината верност и посветеност, таа е бесмртна во литературата на југот; сеќавањето на неа никогаш нема да избледи и ќе живее во приказните за оние „стари добри времиња““.

Мики МекЕлја во својата книга Припивање до мами, сугерира дека митот за верната слугинка, во лик на мами,се провлекува бидејќи белите Американци сакаат да живеат во свет каде што Афроамериканците не се гневни поради неправедноста на ропството.

Најпродаван роман против ропството од 19-от век е Колибата на чичко Том, од Хариет Бичер Стоу, објавена во 1852 г. Во одвеано со виорот се спомнува дека Јенките ја прифатиле Колибата на чичко Том како „второ откритие на Библијата“. Долготрајниот интерес за Колибата на чичко Том и за Одвеано со виорот, резултираше со провлекување на стереотипите од 19-от век за афроамериканските робови. Сепак, по објавувањето, Одвеано со виорот стана појдовна точка за наредните и црни и бели писатели кои пишувале за југот.

Убавица од југот[уреди | уреди извор]

Убавица од југот е тип на млада жена од јужните краишта на Америка од повисоката класа. Нејзината привлечност не е физичката убавина туку нејзиниот шарм. Таа е пример за правилно однесување на една жена. Хероината во романот, Скарлет О’Хара, којашто не е убава но е шармантна, претставува убавица од југот.

За младата Скарлет, идеална убавица од југот претставува нејзината мајка, Елен О’Хара. Во едно „Истражување за Скарлет“, објавено во „ЊуЈоркер“, Клаудија Рот Перпонт напиша:

„Убавицата од југот е подвид на „дама“ од 19-от век... За Скарлет идеалот е содржан во нејзината обожувана мајка, светата Елен, којашто не можеш да ја видиш навалена на столот на кој седи, и кога не е расположена таа манифестира смиреност.“

Сепак, Скарлет не одговара целосно на овој опис. Катрин Ли Сеидл, во својата книга Убавицата од југот во американски роман, напиша:

„... дел од неа се обидува да се бунтува против ограничувањата во кодексот на однесување што се обидува да ја претвори во нешто неприродно.„

Скарлет, како фигура на разгалена убавица од југот, доживува пресврт во однос на богатството, и преживува да ја обнови Тара и својата самопочит. Негативните одлики на Скарлет, нејзината нечесност, лукавост, манипулативност и површност, во контраст со добрите одлики на Мелани, доверба, самопожртвување и верност, и помагаат на Скарлет да преживее во југот по војната, и да започне со извршување на нејзиниот најголем интерес, правење на пари.

Бракот е нешто кон што цели секоја јужна убавица, и сите општествени и образовни определби се насочени кон таа цел. И покрај војната и загубата на погодни мажи за брак, младите девојки сепак целат кон мажење. Според законот и Конвенцијата на јужното општество, глава во семејството е возрасен, бел маж, кој поседува имот, и ги учеле сите бели жени и Афроамериканки да бараат заштита и некој што ќе ги води, бидејќи тие не се способни за разумни одлуки и самоконтрола.

За време на граѓанската војна, жените од југот играат главна улога во волонтирање како медицински сестри во импровизираните болници. Многу од нив биле жени од средната и од високата класа кои никогаш не работеле за плата ниту пак имале влезено во болница. Една таква медицинска сестра беше Ада В. Бакот, млада вдовица која изгубила две деца. Бакот дојде од богато семејство со плантажа во Јужна Каролина, кое поседувало 87 робови.

Есента 1862 г., законите на Конфедерацијата беа променети, и дозволуваа вработување на жените во болници како членови на Медицинскиот оддел на Конфедерацијата. Кејт Куминг, 27 годишна медицинска сестра од Мобајл, Алабама, во својот весник ги опиша примитивните услови во болниците:

„Луѓето се во ходникот, во чекалните, и напикани во мали соби. Отпрвин ми се слоши и ми се заврти во главата од воздухот помеѓу толкава маса на луѓе, но набрзо се навикнав. Мора да се движиме, и кога им даваме нешто на луѓето, клечиме во вода и во крв, но не размислуваме за тоа.“

Битки[уреди | уреди извор]

Граѓанската војна заврши на 26 април 1865 г. кога генералот на Конфедерацијата, Џонстон, ја предал својата армија на генералот на Унијата, Шерман. Во Одвеано со виорот се спомнуваат следните битки:

  • Седумдневна битка, 25 јуни- 1 јули 1862 г., Ричмонд, Вирџинија, победа на Конфедерацијата.
  • Битката на Фредериксбург, 11-15 декември 1862 г., Фредериксбург, Вирџинија. Победа на Конфедерацијата.
  • Рацијата на Стрејт, 19 април- 3 мај 1863 г., северна Алабама. Колонел Стрејт од Унијата и неговите луѓе беа заробени од страна на генералот на Конфедерацијата, Натан Бедфорд Форест.
  • Битката кај Чанселосвил, 30 април- 6 мај 1863 г., во округот Спотсилванија, Вирџинија, во близина на селото Чанселосвил, победа на Конфедерацијата.

Ешли Вилкс е стациониран на реката Рапидан, Вирџинија, зимата 1863 г., и подоцна заробен и пратен во логор на Унијата, Рок Ајланд.

  • Опсадата кај Виксбург, 18 мај- 4 јули 1863 г., Виксбург, Мисисипи, победа на Унијата.
  • Битката кај Гетисбург, 1-3 јули 1863 г., водена во и околу градот Гетисбург, Пенсилванија, победа на Унијата. „Тие очекуваа смрт. Не очекуваа пораз“.
  • Битката кај Чатануга, ноември-декември 1863 г., Тенеси, победа на Унијата. Градот стана место за снабдување и логистичка база за Шерман во борбата во Атланта во 1864 г.
  • Борба во Атланта, мај-септември 1864 г., северозападна Џорџија и областа околу Атланта:

Генералот на Конфедерацијата Џонстон се бори и се повлекува од Далтон (7-13 мај), кон Ресаца (13-15 мај), до планината Кенесоу (27 јуни). Генералот на Унијата Шерман страда од големи загуби поради закотвената армија на Конфедерацијата. Спречен да помине преку Кенесоу, Шерман ја свртува неговата армија околу реката Чатахоче, каде што од спротивната страна на реката ги чека армијата на Конфедерацијата. Уште еднаш генералот Шерман ја напаѓа Конфедеративната армија од двете страни, принудувајќи го Џонстон да се повлече до Пичтри Крик (20 јули), околу 8 километри северозападно од Атланта.

  • Битката кај Атланта, 22 јули 1864 г., југоисточно од Атланта. Градот нема да се предаде сè до 2 септември 1864 г. Големи загуби за генералот на Конфедерацијата Худ.
  • Битката кај црквата Езра, 28 јули 1864 г., неуспешен напад на Шерман, западно од Атланта каде што пругата влегува во градот.
  • Битката кај Утој Крик, 5-7 август 1864 г., неуспешен обид на Шерман да ја помине железничката линија до Атланта од исток, голема загуба за Унијата.
  • Битката кај Џонсбороу, 31 август- 1 септември 1864 г., Шерман успешно ги поминува железничките линии од југ, и влегува во Атланта. Градот беше напуштен од Худ и потоа заземен од трупите на Унијата, сè до крајот на војната.
  • Борбата кај Савана, се води околу Џорџија во ноември и декември 1864 г.

Совршен убавец[уреди | уреди извор]

Ешли Вилкс е совршениот убавец од југот. Тој е наследник на плантажа, и знаеше дека каузата на Конфедерацијата умира со заклучувањето на американската граѓанска војна. Името на Ешли означува бледост. Неговата „бледа кожа соодветствува на идејата за крај на Конфедерацијата“.

Тој размислува да ја напушти Џорџија за да оди во Њујорк, но ако заминел ќе бил типичен карпетбагер (некој од северот што се преселува во југот по американската граѓанска војна, за подобар живот). Ешли огорчен од војната , и вели на Скарлет дека по предавањето бил „во состојба на забавување на животните процеси“. Тој на Тара се чувствува како „товар на човештвото“ и самиот себеси се гледа како „помалку маж“.

Ешли, „сон на млада девојка за совршен витез“, самиот е како млада девојка. Со неговите „очи на поет“, Ешли има „женствена чувствителност“. Скарлет е лута за „клеветата врз Ешли за неговата женственост“, кога нејзиниот татко и вели дека семејството Вилкс се „родени квир“. (Мичел го користи зборот квир во сексуална конотација, бидејќи во 1930 г. тој збор се поврзувал со хомосексуалност). Женственоста на Ешли произлегува од неговата појава, недостатокот на сила и сексуална импотенција. Џералд тврди дека тој јава, игра покер и пие како „вистински маж“, но длабоко во себе тој не е таков. Ешли на својата кравата носи глава од медуза, што е олицетворение на кастрација.

Ешли не е единствениот љубовен интерес на Скарлет кому му недостасува машкост, нејзините сопрузи, Чарлс Хамилтон „како теле“, и Френк Кенеди „како стара слугинка во хеланки“, се исто така немажествени. Мичел ја критикува мажественоста во јужните општества по Реконструкцијата. Дури и Рет Батлер, добро одржуваниот убавец, е женствен или „како геј“. Чарлс, Френк и Ешли ја претставуваат импотенцијата на југот по војната. Нивната моќ и влијание се намалени.

Скалаваг[уреди | уреди извор]

Зборот скалаваг се дефинира како мрзливец, скитник, непринципиелен. Исто така има и посебно значење по граѓанската војна, како епитет на белец од југот кој своеволно ги прифаќа реформите на Републиканците. Мичел го дефинира поимот како „Луѓе од југот кои извлекуваат профит од Републиканската партија“. Рет Батлер е обвинет дека е „проклет скалаваг“. Освен нив, постојат и други видови на ништожници во романот: Јенките, карпетбагерите, Републиканците, проститутките и надзорниците. На почетокот на војната Рет е наречен „ништожник“ поради неговата „себична заработка“ од рушење на блокади.

Рет го презираат бидејќи е скалаваг. Тој е „мрачен, мистериозен и малку злобен херој изгубен во светот“. Литературните научници ги идентификувале одликите на првиот сопруг на Маргарет Мичел, Бариен „црвен“ Апшоу, во ликот на Рет. Други пак го споредуваат со италијанскиот глумец Рудолф Валентино, кого Маргарет Мичел го интервјуирала кога била репортер во „Атланта Журнал“. Фиктивниот херој Рет Батлер има „темно лице, блескави заби и темни очи“. Тој е „мангуп, непринципиелен, без совест или чест“.

Темна страна на сексуалноста[уреди | уреди извор]

Најстрастен и мажествен лик во романот е Рет со кого Мичел ја поврзува „темната страна на сексуалноста“ и „црн ѓавол“. Понатаму романтичниот херој на Мичел е обоен- црно и кафено. Симболичната црна слика за Рет е ставена во контекст на две други слики: митскиот црн силувач и црниот арапски Шеик, игран од страна на Рудолф Валентино во филмот Шеикот. Со стратешкото сместување на Рет во оваа слика, Мичел истовремено игра со расната вознемиреност и сексуалните фантазии. Демоните на Рет се проститутките и алкохолот, прикажани преку неговата интимност со Били Ватлинг, во чијшто бордел тој често живее и се пијанчи. „Црниот силувач звер“ е поврзан со алкохол. Рет е „огромно страшно црно и безлично суштество “ кога се појавува пред Скарлет, пијан од љубомора, вечерта на забавата на Ешли. Тој и ги покажува на Скарлет неговите „долги кафеави раце“ и вели „Би можел да те распарчам со нив“.

Кога „црното лице“ на Рет ќе се спротивстави на Скарлет која има „кожа бела како магнолија“, двата главни лика претставуваат пар со различна раса, и нивната романса претставува расен конфликт.

Сцената во спалната соба на Рет и Скарлет (глава 54) е најчесто протолкувана како силување што треба да го претставува стравот на Реконструкцијата од насилството на белците врз црнците во југот. Други претпоставуваат дека книгата е напишана врз фантазија за силување. Во еден дел од сцената „опасниот љубовник“ ја носи Скарлет преку скалите во нивната прва средба со еротиката. Во друг дел, се случува силување во брак.

Ликови[уреди | уреди извор]

Главни ликови[уреди | уреди извор]

  • Кејти Скарлет (О’Хара) Хамилтон Кенеди Батлер: Главниот лик во романот, Скарлет, со нејзината ирска крв, секогаш варира со француските учења за стилот од нејзината мајка Елен О’Хара. Скарлет се мажи за Чарлс Хамилтон, Френк Кенеди и Рет Батлер, а цело време посакува да се омажи со Ешли Вилкс. Има три деца, по едно од секој маж: Вејд Хамптон Хамилтон (син на Чарлс Хамилтон), Ела Лорена Кенеди (ќерка на Френк Кенеди), и Евгенија Викторија „Бони Блу“ Батлер (ќерка на Рет Батлер). Таа го губи нејзиното 4-то дете, единственото што го посакувала,кога за време на расправија со Рет таа случајно паѓа по скалите. Скарлет потајно и се потсмева на Мелани Вилкс, жената на Ешли, којашто кон Скарлет покажа само љубов и посветеност, и ја сметаше за своја сестра бидејќи Скарлет се омажи со нејзиниот брат Чарлс. Скарлет не е свесна за големината на љубовта на Рет кон неа, или дека би можела да се заљуби во него.
  • Капетан Рет К. Батлер: Обожавател на Скарлет и нејзин трет маж, Рет е често одбегнуван во јавноста поради неговото скандалозно однесување а некогаш прифатен поради неговиот шарм. Рет изјавува дека не е маж за брак и ја запросува Скарлет, но се жени со неа по смртта на Френк Кенеди, објаснувајќи дека нема да дозволи да ја изгуби поради некој друг, бидејќи по смртта на Френк веројатно нема да и требаат повеќе пари. На крајот на романот Рет и признава „Те сакав ама не смеев да ти покажам, бидејќи си многу брутална со тие што те сакаат“.
  • Мајор Џорџ Ешли Вилкс: Галантниот Ешли се жени со својата братучеда Мелани, бидејќи „мора да се ожениш со некој сличен на тебе, инаку нема да бидете среќни“. Тој е почитуван човек, и станува војник на армијата на Конфедеративните држави иако вели дека по смртта на својот татко, ако војната не ги ослободи робовите, тој ќе ги ослободи своите робови. Иако многумина од неговите пријатели и роднини загинале во војната, тој преживува и ги трпи бруталните последици од неа. Ешли беше „совршениот витез“ во очите на Скарлет, и покрај нејзините три брака „Таа го сакаше, го посакуваше и не го разбираше“.
  • Мелани (Хамилтон) Вилкс: Братучеда и воедно жена на Ешли, Мелани, е смирена, спокојна и грациозна жена од југот. Како што се развива приказната, таа постепено станува физички послаба, најпрво од нејзиното породување, а потоа и од „напорната работа на Тара“ , и на крај умира по спонтан абортус. Како што вели Рет „Таа никогаш немала сила. Имаше само срце“.

Споредни ликови[уреди | уреди извор]

  • Арчи: Поранешен затвореник и војник на Конфедерацијата кој е осуден за убиство на својата неверна жена, најпрво е вработен од Мелани, а потоа станува инструктор по возење на Скарлет.
  • Вил Бентин:Крекер од јужна Џорџија“, војник на Конфедерацијата и рамо за плачење на сите. Тој ја губи ногата во војната и оди со помош на дрвен стап. Семејството О’Хара го земаат на своето патување кон дома по војната, и по неговото закрепнување, останува на Тара да ја води фармата. Љубимец е на Карен О’Хара, но нивната врска е невозможна бидејќи таа одлучува да стане калуѓерка. Ја засакува Тара и не сака да ја напушти. Подоцна се жени со Суелен и со неа има најмалку едно дете.
  • Евгенија Викторија „Бони Блу“ Батлер: Саканата, убава ќерка на Скарлет и Рет, со силна волја, со ирски изглед и карактер на Џералд О’Хара, со сини очи како неговите.
  • Децата Клаверт: Рејфорд, Кејд, Кетлин: Соседи на семејството О’Хара од друга плантажа. Кога е мала, Кетлин Клаверт и е другарка на Скарлет.
  • Дилси: Жена на Порк, робинка, со мешано индиско и африканско потекло. Скарлет го тера нејзиниот татко да ја купи Дилси од Џон Вилкс, и како услуга на Дилси, да ја купи и нејзината ќерка Приси.
  • Момчињата Фонтен: Џо, Тони, Алекс: познати по својот темперамент. Џо загинува во Гетисбург, додека Тони го убива Џонас Вилкерсон во бар, и заминува за Тексас, оставајќи го Алекс да се грижи за нивната земја.
  • Чарлс Хамилтон: Брат на Мелани и првиот сопруг на Скарлет. Тој е срамежливо и мило момче.
  • Тетка Питипат Хамилтон: Нејзиниото вистинско име е Сара Џејн Хамилтон, но во детството го стекнала прекарот Питипат поради начинот на кој одела на нејзините мали нозе. Тетка Питипат е стара неомажена жена која живее во куќа со црвени цигли, во мирен дел на Пичтри Стрит во Атланта. Половина од куќата е во сопственост на Скарлет (по смртта на Чарлс Хамилтон). Финансиските работи на Питипат ги раководи нејзиниот брат, Хенри, кого таа не го сака многу. Тетка Питипат, со помош на робот Чичко Питер, ги одгледува Мелани и Чарлс Хамилтон по смртта на нивниот татко.
  • Вејд Хамптон Хамилтон: Син на Скарлет и Чарлс, роден на почетокот на 1862 г. Крстен е по неговиот татко командант Вејд Хамптон Трети.
  • Ела Лорена Кенеди: Неубава, ќерка на Скарлет и Френк.
  • Френк Кенеди: Бивш свршеник на Суелен О’Хара и втор маж на Скарлет, постар и непривлечен маж. Тој најрпво ја запросува Суелен, но потоа Скарлет го кради за себе, со цел да има доволно пари да ги плати даноците на Тара. Френк не може да го сфати стравот на Скарлет и нејзината очајна борба за преживување по војната. Тој не сака да биде безмилосен во работата, како што Скарлет бара од него. Без знаење на Скарлет тој е тајно вклучен во Кју Клукс Кланот. Сакајќи да ја одбрани честа на Скарлет откако е нападната, тој е „застрелан во главата“ како што тврди Рет Батлер.
  • Мами: Најпрво била роб на бабата на Скарлет, и ја одгледала мајката на Скарлет Елен О’Хара, а потоа и е дадилка на Скарлет. Мами е „главна на плантажата“.
  • Д-р. Мид: Доктор во Атланта, кој се грижи за повредените војници за време на опсадата, со помош на Мелани и Скарлет. Неговите два сина се убиени во војната, постариот Дарси во Гетисбург, а помладиот Фил како член на Внатрешната Конфедеративна Стража за време на Битката кај Атланта.
  • Г-ѓа Меривејтер: Се дружи со Тетка Питипат, г-ѓа Елсинг и г-ѓа Мид. По војната, заработува продавајќи домашни пити, и на крајот отвора своја пекарница.
  • Каролин Ајрин („Карен“) О’Хара: Најмалата сестра на Скарлет, која за време на Битката кај Атланта исто така беше болна од тифусна треска. Таа е занесена по бунтовниот црвенокос Брент Тарлетон, кој по свршувачката со неа, е убиен во војната. Таа никогаш не ја преболува неговата смрт и неколку години подоцна станува калуѓерка.
  • Елен (Робилард) О’Хара: Грациозната мајка на Скарлет со француско потекло, се мажи за Џералд О’Хара, кој е 28 години постар од неа, откако нејзината вистинска љубов Филип Робилард е убиен во тепачка во бар. Елен раководи со домаќинството, и се грижи за црни робови, како и за сиромашни бели деца. Откако се грижи за Еми Слатери, се разболува од тифусна треска и умира во август 1864 г.
  • Џералд О’Хара: Таткото на Скарлет со ирско потекло, и одличен јавач на коњи, Џералд, често пијан прескокнува огради со неговиот коњ, и на крајот умира од тоа. По смртта на својата жена Елен, Џералд го губи разумот.
  • Сузан Елинор („Суелен“) О’Хара: Средната сестра на Скарлет, која се разболува од тифусна треска за време на Битката кај Атланта. По војната, Скарлет и го краде свршеникот Френк Кенеди. Подоцна Суелен се мажи за Вил Бентин и има најмалку едно дете со него.
  • Момчињата О’Хара: Три машки деца на Елен и Џералд О’Хара кои умираат како новороденчиња и се закопани на околу 90 метри од куќата во Тара под искривени елки. На секоја надгробна плоча е напишано „Џералд О’Хара Џуниор“.
  • Чичко Питер: постар маж и роб. Тој е и инструктор по возење на Тетка Питипат, и секогаш ги имаше при рака нејзините миризливи соли. Чичко Питер се грижи за Мелани и Чарлс Хамилтон кога се млади.
  • Порк: Слуга на Џералд О’Хара, и неговиот прв роб. Џералд го добил Порк како награда за победа во покер (како што ја добил и плантажата Тара,но во некоја друга партија на покер). Кога Џералд умира, Скарлет му го поклонува на Порк неговиот џебен часовник. Таа сакаше да го изгравира часовникот со зборовите „Од семејството О’Хара, за Порк- добар и верен слуга“, но Порк ја одби понудата.
  • Приси: Дете-роб, ќерка на Дилси. Скарлет ја зема Приси како помошничка кога оди да живее во Атланта со Тетка Питипат.
  • Јулали и Паулин Робилард: Омажени сестри на Елен О’Хара кои живеат во Чарлстон.
  • Филип Робилард: Братучед на Елен О’Хара и нејзина прва љубов. Умира во тепачка во еден бар во Њу Орлеанс околу 1844 г.
  • Пјер Робилард: Татко на Елен О’Хара. Верен презвитеријанец иако неговото семејство римокатоличко. Помислата дека неговата ќерка се замонашила е полоша и од таа дека се мажи за Џералд О’Хара.
  • Биг Сем: Силен, издржлив, вреден роб кој во беззаконието по војната ја спасува Скарлет од безмилосните крадци.
  • Еми Слатери: Ќерка на Том Слатери, е сиромашна девојка чиешто семејство живее во три акри покрај мочуришта. Еми има вонбрачно дете со Џонас Вилкерсон- Јенки и надзорник на Тара. Детето умира. Потоа Еми се мажи за Џонас, по војната имаат пари и сакаат да ја купат Тара, но Скарлет е навредена и ја одбива понудата.
  • Беатрис Тарлетон: Зафатена жена, која се справува со огромна плантажа со памук, стотици црнци, осум деца, и со најголемата фарма за коњи во Џорџија. Таа е темпераментна. Забрането беше да се камшикуваат коњите или робовите, но таа понекогаш ги удираше нејзините момчиња, без да ги повреди.
  • Момчињата Тарлетон: Бојд, Том, и близнаците Брент и Стјуард: Црвенокосите момчиња Тарлетон, беа често со гребнатинки, обожаваа да се шегуваат и да озборуваат, и според нивната мајка беа „полоши и од египетските чуми“. Ако имаше потреба, г-ѓа Тарлетон ги удираше по грбот со нејзиниот камшик за јавање, но најмлаку го удираше Бојд, кој беше најстар и најнизок. Неразделните близнаци Брент и Стјуард, на свои 19 години беа високи околу метар и 80 см. Сите четворица беа убиени во војната, близнаците се одделија само во Битката кај Гетисбург. Бојд беше закопан во Вирџинија, но никој не знае каде точно.
  • Девојчињата Тарлетон: Хети, Камила, ’Ранда и Бетси: Прекрасните девојчиња Тарлетон имаа различни нијанси на црвена коса.
  • Били Ватлинг: Проститутка и сопственичка на бордел. Били е прикажана како лојална на Конфедерацијата. Мелани и вели дека ќе ја поздрави кога ќе ја види на улица, но Били и вели да не го прави тоа.
  • Џонас Вилкерсон: Јенки, надзорник на Тара пред граѓанската војна.
  • Бо Вилкс: Синот на Мелани и Ешли. Роден во Атланта за време на опсадата, и по раѓањето веднаш е пренесен во Тара.
  • Хани Вилкс: Сестра на Индија и Ешли Вилкс. Има „чуден изглед на зајак“. Така е наречена бидејќи никој не го дискриминира, и сите ги сака.
  • Индија Вилкс: Сестра на Хани и Ешли Вилкс. Индија е обична.
  • Џон Вилкс: Сопственик на „Дванаесетте даба“ и татко во семејството Вилкс. Тој е образован, грациозен и мил. Убиен е за време на Битката кај Атланта.

Теми[уреди | уреди извор]

Преживување[уреди | уреди извор]

Скарлет и Рет се борци бидејќи се адаптираат на промените од војната и Реконструкцијата.

Љубов и чест[уреди | уреди извор]

Дури на крајот на романот Скарлет сфаќа што е љубов.

Војната и нејзините последици[уреди | уреди извор]

Одвеано со виорот го прикажува вистинскиот хорор од војната.

Значење на боите[уреди | уреди извор]

Боја

Поврзана со...

Значење

Симболичко значење

Црвена

Скарлет

Оган

Елементарна („ти се елементарна како оган, ветар и диви нешта“)

Зелена

Тара

Земја

Мајка („земјата каде што живеат им е како мајка“)

Сила („таа е како џинот Антеус, кој секој пат кога ќе ја допреше мајката Земја, стануваше сè посилен“)

Прифаќање на романот[уреди | уреди извор]

Критики[уреди | уреди извор]

Продажбата на романот на Маргарет Мичел, летото 1939 г., со речиси невидена цена од три долари, достигна сума од околу еден милион до крајот на декември.

Хершел Брикер, критичар од „Њујорк Ивнинг Пост“, ја пофали Мичел за начинот на кој „ги употреби сите технички финти со кои нашите романописци си играат последниве 20 години“.

Ралф Томпсон, критичар на книги за „Њујорк Тајмс“, ја критикуваше должината на романот, и во јуни 1936 г. напиша:

„Имам чувство дека книгата е без крај, подобро би било да е, да речеме, 500 страни, но ова го кажува еден рецензент кој се изнамачи, а сака да биде праведен критичар. Скоро секој читач, без сомнение, ќе се согласи дека едно по дисциплинирано и посредено дело поубаво ќе ја долови темата“.

Критики поради расните и етничките теми[уреди | уреди извор]

Една критика на Одвеано со виорот е во врска со портретот на Афроамериканците во југот во 19-от век. На пример, поранешните работници во поле (во почетокот на Реконструкцијата) се опишани дека се однесуваат како „неинтелигентни суштества, што е и очекувано од нив. Како мајмуни или мали деца кои се губат меѓу скапоцени предмети, чијашто вредност не ни можат да ја сфатат, тие трчаат диво, или поради перверзно задоволство или едноставно поради нивното незнаење“.

Исто така се зборуваше дека Мичел ја минимизира насилната улога на Кју Клукс Кланот. Авторот на бестселери, Пет Конрој, во неговиот предговор за подоцнежното издание на романот, го опишува портретот на Кју Клукс Кланот, претставен од Мичел, како да ја има „истата романтизирана улога што ја има во Раѓање на нација, и изгледа како да е еден вид на комбинација од Елкс Клубот и здружение на јавачи“.

Во врска со историските грешки во романот, историчарот Ричард Н. Курант укажува:

За жал, Одвеано со виорот, навистина без сомнение овековечува многу митови за Реконструкцијата, со особена почит кон црнците. Маргарет Мичел не потекнува од нив, и млад писател едвај може да биде обвинет за незнаење на она што поголемиот дел од зрелите професионални историчари не го знаеле многу години.

Дејвид О’Конел во својата книга од 1996 г., Ирските корени на Одвеано со виорот на Маргарет Мичел, напиша: „Во Одвеано со виорот Мичел не го согледува расното угнетување и „неразделноста на раса и пол“ што ја дефинира ликот на јужната убавица Скарлет. Исто така има комплексности во начинот на кој Мичел се справува со расните проблеми. На пример, една Јенки жена ја прашува Скарлет за совет, кој да го најми за дадилка на нејзините деца; Скарлет и препорачува да најми „црна жена“, од што и се гади на Јенки жената, којашто бара ирска помошничка „игуменија“. Афроамериканците и ирските Американци се третирани на ист начин“. О’Конел тврди дека етничките навреди кон Ирците и стереотипите за нив преовладуваат во романот, и Скарлет не е исклучок. Ирски научник забележува дека Џонас Вилкерсон и вели на Скарлет „ти си занесена ирска селанка“.

Награди и признанија[уреди | уреди извор]

Во 1937 г., Маргарет Мичел доби Пулицерова награда за роман за Одвеано со виорот, и втората годишна Награда за национална книга од Здружение на американски продавачи на книги. Според изјавата на Харис Пол во 2008 г., романот е втора по ред најомилена книга на американските читатели, веднаш после Библијата. Анкетата покажа дека романот е најпопуларен меѓу жените над 44 години, и кај оние од југот и кај оние од среднозападниот дел на Америка, и кај белците и кај Латиноамериканците, и кај оние што не биле на колеџ. Романот е на списокот на најдобро продавани книги. До 2010 г. повеќе од 30 милиони копии беа издадени во САД и надвор. Магазинот „Тајм“, Лев Кросман и Ричард Ласејо, ја ставија книгата на нивните листи на 100 Најдобри романи на англиски јазик од 1923 г. до сега (2005 г.). Во 2003 г., книгата беше 21-ва според анкетата на „БиБиСи“, за „најсакан роман“.

На 30 јуни 1986 г., на денот на 50-годишнината од излегувањето во продажба на Одвеано со виорот, американската пошта издаде марка со ликот на Маргарет Мичел. Марката беше дизајнирана од Роналд Адеир и беше дел од сериите на американската поштенска услуга, Големи Американци.

Адаптации[уреди | уреди извор]

Одвеано со виорот бил адаптиран неколкупати за на сцена и за на екран:

  • Според романот, сниман е филм во 1939 г., добитник на Оскар, во кој глумат Кларк Гејбл и Вивиен Ли.
  • Книгата беше адаптирана во мјузикл, Скарлет, кој се прикажуваше во Токио во 1970 г. (во 1966 г. беше изведен како деветчасовна драма, без музика), и во Лондон во 1972 г., каде што беше намалена на 4 часа. Мјузиклот од Лондон, беше повторно изведен во Лос Аџелес во 1973 г., и повторно во Далас во 1976 г.
  • Јапонската трупа, Такаразука Реву, направи мјузикл адаптиран на романот, Казе то томо ни сарин, кој беше изведен од женската трупа Мун Труп,во 1994 г.
  • Има и француски мјузикл од 2003 г., адаптација на Жерард Пресгурвич, Autant en Emporte le Vent.
  • Книгата беше адаптирана во британски мјузикл, Одвеано со виорот, и прикажана во 2008 г. во Обединетото Кралство, во театарот Њу Лондон.
  • Во 2007 г. од страна на Унгарскиот национален балет, беше изведена целосна балетска верзија од три чина, со музика напишана од Антонин Дворжак и кореографија од Лила Партаи, и ќе биде повторно изведена во нивната сезона во 2013 г.
  • Нова адаптација за на сцена од Ники Ландо, беше изведена во Манитоба театарски ценатр во Винипег, Канада, во јануари 2013 г.

Во модерната култура[уреди | уреди извор]

Одвеано со виорот се појавува на многу места и форми во модерната литература:

Книги, телевизија и друго[уреди | уреди извор]

  • Цртан филм во 1945 г. од Бил Молдин, прикажува американски војник, како лежи на земјата со книгата на Маргарет Мичел, изрешетена од куршуми. Насловот гласи: „Драга, драга г-ѓа Мичел, вие сигурно мислите дека е ужасно смешно да се добие вакво писмо од војник, но јас ја носев со себе вашата голема книга „Одвеано со виорот“, под мојата блуза и ...“.
  • Во една епизода од третата сезона на „Ја сакам Луси“, „Луси пишува роман“, којашто се емитуваше на 5 април 1954 г., Луси (Лусил Бал), чита за некоја домаќинка која заработува богатство пишувајќи роман во слободното време. Луси тогаш го пишува својот роман, со наслов „Вистински одвеано со виорот“.
  • Одвеано со виорот е книгата што „Понибој“ и „Џони“, тинејџери од романот Аутсајдерите (1967 г.) на С.Е. Хинтон, ја читаат додека се во бегство.
  • Емитувана е филмска пародија насловена „Отиде со виорот“ во 1976 г., како епизода од Шоуто на Карол Бурнет.
  • Списанието Мад напиша пародија на романот, „Свиткани од виорот“ (1991 г.), во кој Ешли е преименуван во „Ештри“ и Рет во „Реч“. На крајот Реч и Ештри бегаат заедно.
  • Во „Венити Фер“ во 1995 г., беше објавена пародија од слика, насловена како „Скарлет и соседството“, во која робовите се бели а главните ликови се црни.
  • Во комичен скеч на телевизија МАД (2007 г.), „Робинка број 8“, понудува три алтернативни завршетоци на филмот. Во едниот од нив, Скарлет го брка Рет, носејќи на грбот опрема за летање.

Колекции[уреди | уреди извор]

Во продажба е широк спектар на колекционерски предмети поврзани со книгата и со филмот, особено на аукциите на мрежните места. Предметите вклучуваат стари ламби, статуетки, кибрити, книги за готвење, чинии и различни изданија на романот.

Виндис[уреди | уреди извор]

Виндис е група на страствени обожаватели на Одвеано со виорот кои ги следат сите вести и настани поврзани со книгата или филмот. Тие се собираат од време на време, во костуми од филмот, или облечени како Маргарет Мичел. Атланта, Џорџија, им е светото место.

Наследство[уреди | уреди извор]

Одвеано со виорот остави едно долготрајно наследство, а тоа е приказната за стариот југ, кој е променет по американската граѓанска војна и Реконструкцијата, за која сите веруваат дека е вистинска. Тој ефект го доловува филмот адаптиран на романот. Живописната проза на Мичел за легендарната плантажа, ја воодушеви јавноста.

Некои луѓе прво го гледаа филмот и во него го прочитаа текстот од романот. Една разлика меѓу филмот и романот, е сцената на скалите кога Рет ја носи Скарлет на раце. Во филмот, Скарлет малку се противи, и не вика додека Рет почнува да се качува. Во романот пак, „тој ја повредува и таа плаче, придушено и исплашено“.

Претходно во романот (глава 44), Скарлет ја напаѓа црнец кој сака да ја силува, и ја спасува друг црнец, Биг Сем. Додека во филмот, таа е нападната од црнец и од белец.

Конгресната библиотека започна повеќегодишна „Прослава за книгата“ во јули 2012 г., со изложба на „Книги кои ја обележаа Америка“, и почетна листа со 88 книги од американски автори кои имале влијание врз животот на Американците. Во таа листа беше и Одвеано со виорот. Библиотекарот на Конгресот, Џејмс Х. Билингтон рече:

„Оваа листа е почетна точка. Не е регистар на „најдобрите“ американски книги, иако многу од нив одговараат на тој опис. Листата има повеќе за цел да започне еден национален разговор за книги напишани од Американци, кои влијаеле на нашиот живот, без разлика дали тие книги се на оваа листа“.

Меѓу оние кои се сметаат за Големи американски романи се: Моби Дик, Авантурите на Хаклбери Фин, Големиот Гетсби, Гроздовите на гневот , Игра во р’жта, Невидливиот човек и Да се убие подбивна птица.

Ширум светот, романот е прифатен поради тоа што е интеркултурен, и поради неговите универзални теми, особено што се однесува на жените: војна, љубов, смрт, расни конфликти, пол и генерација. Читателите во полициската држава Северна Кореја, се поврзуваат со темата на преживување и ја сметаат за „главна порака во романот“.

Повеќе од 24 изданија на Одвеано со виорот беа испечатени во Кина во последните неколку години. Тајвански весник, изгубен во преводот, тврди дека првичниот наслов на Мичел за книгата бил „Носи го својот тежок товар“.

По смртта на Маргарет Мичел, нејзината лична колекција од скоро 70 преводи на нејзината книга на странски јазици, беше дадена во Јавната библиотека во Атланта.

На 16 август 2012 г., Архиепископијата на Атланта изјави дека починатиот внук на Маргарет Мичел, Џосеф Мичел, од своето наследство, на црквата и оставил 50% од акциите на логото и литературните права на Одвеано со виорот. Еден од биографите на Мичел, Дарден Асбури Пирон, изјави дека Маргарет Мичел имала „напнат однос“ со својата мајка, која била римокатолик.

Маргарет Мичел самата се оддели од Католичката црква.

Оригинален ракопис[уреди | уреди извор]

Иако некои од листовите и документите на Мичел, поврзани со Одвеано со виорот, беа запалени по нејзината смрт, многу документи, вклучувајќи и избрани предлог поглавја, се зачувани. Последните 4 поглавја од романот се во Библиотеката Пикот во Саутпорт, Конектикат.

Објавување и повторно печатење (1936 г. САД)[уреди | уреди извор]

Првото издание на 10 000 копии, содржеше грешна дата на објавување: „Објавено во мај 1936 г.“. Објавувањето во мај 1936 г. беше одложено и првото објавување беше во јуни. Второто издание содржеше точна дата на објавување: „Објавено во јуни 1936 г.“, така што првото и второто издание може да биде издвоено за колекционерите на книги. Третото издание на 15 000 копии беше во јуни 1936 г. Дополнително беа испечатени 50 000 идентични копии за јулската селекција на клубот Книга на месецот. За американската јавност, Одвеано со виорот, официјално беше објавена на 30 јуни 1936 г. Табела на вкупни изданија за 1936 г.:

Година

Месец

Број на изданија

1936 г.

Јуни

Објавено и повторно испечатено

1936 г.

Јули

3

1936 г.

Август

6

1936 г.

Септември

4

1936 г.

Октомври

6 (7)

1936 г.

Ноември

3 (4)

1936 г.

Декември

2

Издавачката куќа „Макмилијан“, низ 1 037 страници од книгата, насловот го испечати на следниот начин: Gone with the Wind (мк. Одвеано со Виорот), употребувајќи мали почетни букви за зборовите with и the. Зборот with (мк. со), е напишан со голема буква на насловната страна, каде што зборовите GONE, WITH и WIND (мк. ОДВЕАНО, СО, ВИОР) се со сите големи букви, со кафеаво мастило врз жолта позадина (GONE WITH the WIND), давајќи му на насловот, изглед на билборд. На корицата со сива боја (бојата на Конфедерацијата), беше испечатен насловот со сите големи букви, со еден дел накосен, во два реда, со сино мастило: ОДЕВАНО (во првиот ред), СО ВИОРОТ (во вториот ред).

Продолженија[уреди | уреди извор]

Иако Мичел одби да пишува продолжение на Одвеано со виорот, ја овласти Александра Рипли да напише продолжение, кое беше насловено Скарлет. Книгата беше последователно адаптирана на телевизиски мини серии во 1994 г. За второ продолжение, Мичел го овласти Доналд МекКејг, насловено како Луѓето на Рет Батлер. Романот е ист со Одвеано со виорот, напишан од перспектива на Рет Батлер.

Сопствениците на авторските права на Одвеано со виорот се обидоа да забранат објавување на Виорот стивна од Алис Рандал, што ја прераскажува приказната од перспектива на робовите. Федералниот апелационен суд го одби барањето на тужителите, врз основа на Првиот амандман, бидејќи книгата била пародија. Потоа страните се договорија надвор од судот, и книгата се најде на списокот на „Њујорк Тајмс Бестселер“.

Во САД беше блокирано објавувањето на продолжението Ветровите на Тара, од Кетрин Пиноти, неовластено од сопствениците на авторските права. Романот беше објавен во Австралија, заобиколувајќи ја забраната од САД.

Бројни неовластени продолженија на Одвеано со виорот се објавени во Русија, најчесто под псевдонимот Јулија Хилпатрик,покритие на здружение на писатели. „Њујорк Тајмс“ тврди дека повеќето од нив се словенски.

Неколку продолженија се напишани на унгарски јазик, под псевдонимот Одри Д. Миланд или Одри Ди Миланд, од најмалку 4 различни автори (кои на крајот на книгата се напишани како преведувачи, за да изгледа дека книгата е превод од англискиот оригинал, честа процедура во 1990-те која оттогаш е забранета со закон). Првата продолжува таму каде што завршува Скарлет на Рипли, а наредната е за ќерката на Скарлет, Кет. Други книги вклучуваат трилогија за бабата на Скарлет, Соланж, и мини серии од три дела за извесна вонбрачна ќерка на Карен.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. About the Author

Further reading[уреди | уреди извор]

  • Adams, Amanda. "'Painfully Southern': Gone with the Wind, the Agrarians, and the Battle for the New South," Southern Literary Journal (2007) 40:58–75.
  • Bonner, Peter. "Lost In Yesterday: Commemorating The 70th Anniversary of Margaret Mitchell's 'Gone With The Wind' " Архивирано на 27 ноември 2013 г.. (Marietta, Georgia: First Works Publishing Co., Inc., 2006). ISBN 978-0-9716158-9-2.
  • Brown, Ellen F. and John Wiley, Margaret Mitchell's Gone With the Wind: A Bestseller's Odyssey from Atlanta to Hollywood. Lanham: Taylor Trade, 2011. ISBN 978-1-58979-567-9.
  • Farr, Finis. Margaret Mitchell of Atlanta: The Author of Gone with the Wind (New York: Morrow, 1965)
  • Harwell, Richard, ed. Gone with the Wind as Book and Film (U. of South Carolina Press, 1983)
  • Harwell, Richard, ed. Margaret Mitchell’s Gone with the Wind Letters, 1936–1949 (Macmillan, 1976)
  • Haskell, Molly. Frankly My Dear: Gone with the Wind Revisited (Yale U. Press, 2010)
  • Pyron, Darden Asbury, ed. Recasting: Gone with the Wind in American Culture (Florida International Univ. Press, 1983)
  • Pyron, Darden Asbury. Southern Daughter: The Life of Margaret Mitchell and the Making of Gone with the Wind (Athens, Ga.: Hill Street Press, 1991).
  • Rubin, Anne Sarah. "Revisiting Classic Civil War Books: 'Why Gone with the Wind Still Matters; or, Why I Still Love Gone with the Wind,'" Civil War History (March 2013) 59#1 pp 93–98 online

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Викицитат има збирка цитати поврзани со:

Предлошка:PulitzerPrize Fiction 1926–1950 Предлошка:Gone with the Wind