ОУ „Димо Хаџи Димов“ - Влае

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Димо Хаџи Димов“
Место
Општина: Општина Карпош
Место: Влае
Основни информации
Актуелен директор: Лела Николовска
Настава на: македонски јазик
Контакт информации

Основното училиште „Димо Хаџи Димов“ се наоѓа во населбата Влае во општина Карпош. Во него настава посетуваат околу 1700 ученици, без децата од претшколска возраст, што претставува значително голем број во однос на минатото.

Училиштето е изградено по Скопскиот земјотрес со помош на некои донации од земјите на Балканот, а најмногу од Словенија. Словенија освен што придонесе за изградба на училиштето, ја помогна и целата населба поради материјалните штети по земјотресот, па затоа и многу улици во населба Влае носат имиња на словенечки писатели од тоа време.

Близу ова училиште се наоѓа фреквентниот булевар „Партизански одреди“, заради што беше неопходна изградбата на надвозникот „Влајко“, освен поради безбедноста на децата кои го посетуваат ова учулиште, и поради безбедноста на самите граѓани во населбата. Надвозникот официјалнно е пуштен во употреба на 27 септември 2006 година во 13:00 часот, каде што при неговото отварање учествуваа: амбасадорот на САД во Македонија, г-ѓа Џилиен Миланович, градоначалникот на општина Карпош, Андреј Петров, и директорката на училиштето, Лела Николовска. Средствата за изградба на преминот ги обезбеди општина Карпош, а Американската агенција за меѓународен развој (USAID) ги донираше лифтовите во објектот.

Учество на натпревари[уреди]

Освоени награди[уреди]

Познати личности кои учеле во ова училиште[уреди]

Боро Стојкоски - началник во МВР и претседател на Радиоаматерски Сојуз на Македонија.

Познати личности кои предавале во ова училиште[уреди]


Надворешни врски[уреди]