Николај Меркушкин
Николај Иванович Меркушкин Кола Меркушкин Николай Иванович Меркушкин | |
---|---|
3. гувернер на Самара | |
На должноста 10 мај 2012 – 25 септември 2017 | |
Претходник | Владимир Артјаков |
Наследник | Дмитриј Азаров |
1. претседател на Мордовија | |
На должноста 22 септември 1995 – 10 мај 2012 | |
Наследник | Владимир Волков |
Лични податоци | |
Роден(а) | 5 февруари 1951 Нова Верхиси, Мордовска АССР, Руска СФСР, СССР |
Националност | Мордовин |
Партија | Единствена Русија |
Сопружник | Таисија Меркушина |
Установа | Државен универзитет на Мордовија |
Професија | политичар |
Николај Иванович Меркушкин (руски: Николай Иванович Меркушкин, мокшански: Кола Меркушкин; роден на 5 февруари 1951, Новје Верхиси, Мордовија) — поранешен гувернер на Самарската област и поранешен претседател на Република Мордовија во Русија. Последната функција ја извршувал од 22 септември 1995 година до 10 мај 2012 година. Од 24 јануари до 22 септември 1995 година бил претседател на Државното собрание на Мордовија .
Меркушкин бил електроинженер пред да влезе во политиката. Тој бил реизбран за претседател на Мордовија во 1998 и 2003 година со 80% од гласовите. Тој ја задржал популарноста со релативно стабилна економија во републиката и исплата на плати и пензии на време. Тој ги спречил противниците да се натпреваруваат против него со дисквалификација на кандидати кои се чинело дека имаат повеќе од 3% неважечки потписи. Меркушкин е оженет со Таисија Меркушкина, етничка ерзјанка и има два сина.
На 10 мај 2012 година, Меркушкин поднел оставка и станал вршител на должноста гувернер на областа Самара. Него го заменил премиерот Владимир Волков.
На 25 септември 2017 година тој бил сменет од позицијата гувернер на регионот Самара.[1]
Наводи[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Носители на Орденот на пријателството меѓу народите
- Носители на Орденот за заслуги пред татковината од III степен
- Политичари од Единствена Русија
- Началници на федералните субјекти на Русија
- Родени во 1951 година
- Носители на Орденот за заслуги пред татковината од IV степен
- Носители на Орденот на Црвеното знаме на трудот