Ненасилство (скулптура)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Скулптурата „Ненасилство“ пред седиштето на ОН во Њујорк

Ненасилство е бронзена скулптура од шведскиот уметник Карл Фредрик Ројтерсверд од 1985 година. Таа претставува предимензиониран револвер „Колт питон“ .357 магнум со превиткана цевка и отвор што е насочен нагоре. Ројтерсверд ја направи оваа скулптура во чест на убиениот пејач и мировен активист Џон Ленон.[1]

Во моментов оваа скулптура ја има на 31 локација ширум светот. Локациите ги вклучуваат: Малме, Њујорк, Луксембург, Пекинг, Берлин, Каен, Лозана, Стокхолм и други.

Од 1993 година, скулптурата е симбол на Проектот за ненасилство, непрофитна организација што промовира општествени промени преку образовни програми за превенција на насилството.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Waymarking.com“. Посетено на 26 јуни 2019.