Невина (ТВ серија)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Невина
Жанр драма, теленовела
Создадена од Инес Родена
Настапуваат Камила Соди
Валентино Ланус
Хелена Рохо
Лупита Ферер
Каролина Техера
Најавна песна "Inocente de Ti" , Хуан Габриел
Земја на потекло Мексико
Јазик Шпански
Број на епизоди 130
Продукција
Изврш(ен/ни) продуцент(и) Натали Лартилеукс
Локаци(ја/и) Мајами
Времетраење 45 минути
Емитување
Канал на емитување Канал2

Невина е првата мексиканска теленовела во продукција од мексиканската куќа Телевиса и американската Фоновидео. Оваа теленовела имаше огромен успех во Мексико, а и во светот. Оваа теленовела е римејк на теленовелата Марија Мерцедес, од 1994 год, која главната улога ја играше познатата пејачка Талија, воедно и тетка во вистинскиот живот на Камила Соди, главната личност во теленовелата Невина.

Синопсис[уреди]

Од градот Закатекас, младата Флоресита патува со својата баба Клеотилда и со својата сестра Исела, кај својот татко Рубен и двајцата браќа Родриго и Виктор, кои живеаат во Мајами. На пола пат нивната баба умира, и сестрите патуваат по пустината. Сестрите го продолжуваат патувањето каде ќе дојдат до својот татко и браќата. Кога доаѓаат во Мајами, дознаваат дека Рубен станал алкохоличар. Во Мајами живее и Габриела, нивната мајка, за која децата мислат дека е мртва. Габриела повторно се венчала и станала телевизиска ѕвезда. Не знаејќи дека се роднини, Габриела и Флоресита ќе се запознаат. Флоресита започнува да работи како продаваќка на цвеќиња, каде го запознава Хулио Алберто и неговата свршеничка Глорија. На денот на венчавката, Глорија умира, а срцето на Хулио Алберто е обвиено во темнина. Еден ден налетува на Флоресита и нејзината насмевка го разбудува. Ребека, мајката на Хулио живее со своите три деца, на сметка на нејзината сестра близначка Ракел. Сестрите се мразат и Ребека едвај чека таа да умре еден ден кога би ги наследила нејзините пари. Откако Ракел дознава дека боледува од тумор, го променува тестаментот и сето свое богатство и го остава на Флоресита. Откако Ракел умира, на читањето на тестаментот Ребека побеснува и дознава на кој му припаднале парите. На наговор од својата мајка, Хулио Алберто ја запросува младата Флоресита и таа прифаќа. Но, Ревека веднаш после тоа ја исфрла на улица. Флоресита најмногу ќе ја заболи тоа што ја искористил Хулио Алберто отколку што го изгубила наследството. Одлучна, Флоресита наоѓа работа во фам. Далмаци, каде што патријархот на фам, Хорхе, се заљубува во неа. Љубовниот живот на Флорисита се наоѓа на скала бидејќи Хорхе сака да се ожени со неа, а Хулио Алберто сфаќа дека погрешил и на колена ја моли да му се врати. Кој маж ќе го одбере Флоресита?

Улоги[уреди]

Глумци Ликови
Камила Соди Флоресита
Валентино Ланус Хулио Алберто
Хелена Рохо Ракел / Ребека
Каролина Техера Нурија
Лупита Ферер Габриела Смит
Салвадор Пинеда Рубен

Невина на Балканот[уреди]

Македонија: Сител Телевизија
Србија: Пинк Телевизија
Босна и Херцеговина: Пинк БХ
Словенија: ПОП Тв
Бугарија: Диема Фемили
Црна Гора: Пинк БХ

Надворешни врски[уреди]