Национален стадион на Косово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Национален стадион на Косово
Stadiumi Kombëtar i Kosovës
Arena Dardane (Дарданска арена)
Местоположбаблизу Глоговац, Косово
СопственикФудбалска федерација на Косово
ОператорФудбалска репрезантација на Косово
Сместивост30,000
ПовршинаТрева
СемафорЛЕД
Изградба
Изграден2019 (планиран)
Отворен2021 (планиран)
Трошоци за изградба50 милиони
АрхитектМурат Табанлиолу
Корисници
Фудбалска репрезантација на Косово

Национален стадион на Косово (албански: Stadiumi Kombëtar i Kosovës) ― предложен фудбалски стадион во близина на Глоговац, Косово. Овој предложен стадион ќе биде новиот дом на косовската репрезентација и ќе служи како место за големи завршиници на фудбалски клупски куп и други спортски и неспортски активности.

Стадионот е дизајниран со капацитет да собере 30.000 гледачи, што го прави фудбалскиот стадион со највисок капацитет во Косово. Било планирано стадионот да биде завршен до 2021 година.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Во 2019 година, Владата на Косово одлучила овој стадион да биде граден во близина на Глоговац, со што го одобри барањето на министерот за култура, млади и спорт, Кујтим Гаши. Местоположбата е оддалечена 14 километри од главниот град Приштина, отфрлајќи ја можноста избрана од претходната влада, а тоа била Брњица. Националниот стадион ќе бил изграден на површина од 25 хектари во Весница, а работите требале да започнат во 2020 година. За стадионот имало многу дебати, нарекувајќи го политичка одлука, бидејќи првично било планирано да биде граден во Брњица.

Историја[уреди | уреди извор]

Планирање и изградба[уреди | уреди извор]

На 12 јули 2019 година започнала изградбата на стадионот,[1] а два дена подоцна бил претставен проектот на овој стадион кој би имал капацитет од 30.000 седишта,[2] но по претставувањето, изградбата била прекината од политички причини поврзани до местоположбата.[3]

Именување[уреди | уреди извор]

Имало многу идеи и предлози за именување на новиот стадион. Еден од главните предлози бил Дарданска арена (Arena Dardane), но сè уште нема ништо службено за името на стадионот кој моментално се нарекува Национален стадион на Косово.

Составни простории[уреди | уреди извор]

Врз основа на плановите претставени од градежното друштво Tabanlıoğlu Architects, Националниот стадион на Косово ќе има:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Fillon ndërtimi i stadiumit kombëtar në Kosovë“ [Изградбата на националниот стадион во Косово започнува] (албански). Bota Sot. 12 јули 2019. Посетено на 23 април 2023.
  2. „U prezantua projekti i Stadiumit Kombëtar“ [Проектот Национален стадион беше претставен] (албански). Фудбалска федерација на Косово. 14 јули 2019.
  3. „Stadiumi "politik" ["Политички" стадион] (албански). Koha Ditore. 6 декември 2020. Посетено на 23 април 2023.