Наум Целакоски (етнолог)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Наум Целакоски — македонски етнолог, поет и универзитетски професор.

Животопис[уреди | уреди извор]

Целакоски е роден во охридското село Мешеишта, а потекнува од печалбарско семејство. Гимназија завршил во Охрид во 1967 година. Работел како професор по македонски јазик во охридската гимназија и како директор на Историскиот архив во Охрид, а потоа се вработил на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, каде го предавал предметот културно наследство. Исто така, тој бил и декан на факултетот. На 8 ноември 2022 година бил прогласен за почесен член на библиотеката при Домот на културата „Григор Прличев“ во Охрид. Починал во јануари 2023 година, а бил погребан на 8 јануари 2023 година, на гробиштата во Мешеишта.[1][2][3]

Творештво[уреди | уреди извор]

Целакоски е автор на околу 20 книги од областа на етнологијата и историјата на охридскиот крај. Исто така, тој е автор на стотина статии со кои учествувал на бројни научни собири.[4] Тој докторирал на темата „Дебрца – магии, обреди и обредни песни“, која потоа ја објавил и како книга. Во 2002 година ја објавил книгата „Прилози за етнографијата на Македонија“. Во манастирот Св. Јован Бигорски го открил и го објавил најстариот Поменик од манастирот од 1762 година во кој се запишани над 3000 благопоклоници и селски населби од западниот дел на земајава. Како директор на Историскиот архив, Целакоски е заслужен за носењето на копиите од ракописите на Григор Прличев чии оригинали се чуваат во Државниот архив на Бугарија. Во 1990 година, заедно со Димитар Смилески објавиле факсимил од граматиката на Прличев. Целакоски особено внимание посветил на истражувањето на манастирот Св. Наум, но и ликот и делото на светецот. Тој е автор на две значајни книги кои се однесуваат на старите печати и преданија сврзани за свети Наум. Во 2005 година направил превод од грчки јазик на „Летописот на свети Наум“, што го напишал охриѓанецот Димитри Петру.[5]

Исто така, Целакоски е автор на следниве поетски збирки:

Наводи[уреди | уреди извор]