Настан (релативност)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Во физиката, конкретно во релативноста, настан е моментална физичка состојба или појава поврзана со една точка во време-просторот (тоа е, одредено место и време). На пример, кршењето на една чаша на подот е настан; тоа се јавува во едно единствено место и единствено време.[1] Научно гледано, поимот за настан е идеализација, во смисла дека одредува определено време и место, додека секој вистински настан е склон да биде конечен во времето и во проторот.[2][3]

По изборот на појдовен систем, може да се доделат координатите на настанот: три просторни координати за да се опише местоположбата на координатата за да се определи моментот во кој се случува настанот. Овие четири координати заедно формираат четири-вектор поврзан со настанот.

Една од целите на релативноста е да се одреди можноста еден настан да влијае врз друг. Ова е направено со помош на метричкиот тензор, кој овозможува одредување на причинската структура на време-просторот. Разликата (или интервалот) помеѓу два настани може да биде класифицирана во поделби и тоа просторни, светлински и временски. И самодоколку двата настани се одделени со времеенски и светлински разлики ќе си влијаат еден на друг.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. A.P. French (1968). Special Relativity, MIT Introductory Physics Series, CRC Press,
  2. Leo Sartori (1996). Understanding Relativity: a simplified approach to Einstein's theories, University of California Press,
  3. Fock, V. (1964). The Theory of Space, Time and Gravitation. Pergamon Press. стр. 33. By "event" we mean an instantaneous occurrence that can be characterized by a point in space and a corresponding moment of time.