Мулен Руж
Мулен Руж (француски: Moulin Rouge или Црвената мелница) е кабаре изградено во 1889 од Жозеф Олер, кој исто така бил сопственик и на театарот Олимпија во Париз. Близу до Монмартр и Пигал на булеварот де Клиши во XVIII округ. Карактеристика и препознатлив знак за ова старо кабаре е црвената ветерница на кровот.
Мулен Руж е туристичка дестинација, место кое нуди музика и танц за забава на возрасни посетители од целиот свет.
Познати изведувачи кои настапувале во Мулен Руж се Жозефин Бејкер, Френк Синатра, Џејн Аврил, Едит Пјаф и други. Мулен Руж е исто така и предмет на цртежите на познатиот француски пост-импресионист и сликар Тулуз-Лотрек.
"Рулен Руж" е и наслов на книгата на Пјер Ла Мир, којашто во 1952 беше адаптирана за филмот наречен Мулен Руж, во кој настапуваат Хозе Ферер и Заза Габор. Неколку други филмови го носат истиот наслов, вклучително и оној Мулен Руж од 2001 година, во кој игра американската глумица Никол Кидман. И оној од 1952 и поновиот од 2001 беа номинирани за наградата Оскар за најдобар филм.
Кан-кан во Мулен Руж[уреди]
Главен настан на вечерта во Мулен Руж е изведбата на традиционалниот француски кан-кан, кој се изведува и денес. Во раните денови на Мулен Руж кан-кан играле куртизаните за забава на машката клиентела. Се игра со енергични движења и имал за цел да го заведе потенцијалниот муштерија. Токму затоа, негова карактеристика е подигнувањето на здолништето и покажувањето на нозете, а понекогаш и гениталиите. Како минувало времето овој танц, оригинално изведуван како обичен танц на забавите на работничката класа, станувал се повулгарен и поеротичен дури до степен на скандалозност.
Подоцна, кога во Европа се повеќе се популаризирала забавата и танцовите дворани, куртизаните повеќе не му биле потребни на Мулен Руж кој се претворил во легален ноќен клуб. Модерниот кан-кан е составен од виртуозни танчери кои ги забавуваат гостите.
Денес кан-канот изведуван во Мулен Руж има култен статус за танцот и танчерите низ целиот свет.
Современи описи[уреди]
Андреј Бели во своето 106то писмо му пишувал на Александар Блок за 'Пеколната Таверна' во Мулен Руж, каде лакеите се облечени како ѓаволи..
Шест филма беа снимени под насловот 'Мулен Руж':
- Во 1928, во режија на Евалд Андре Дипон.
- Во 1934, во режија на Сидни ланфилд.
- Во 1939, во режија на Андре Игон.
- Во 1944, во режија на Ив Миранд.
- Во 1952, во режија на Џон Хјустон.
- Во 2001, во режија на Баз Лахрман. Види Moulin Rouge!.
Исто така:
- Француски кан-кан (1955) е измислена приказна за Мулен Руж, во режија на Жан Реноар.
Надворешни врски[уреди]
| „Moulin Rouge“ на Ризницата |