Музеј на Москва

Од Википедија — слободната енциклопедија

Музеј на Москва (на руски: Музей Москвы) — еден од најстарите музеи во градот Москва, Русија. Збирката и постановката на музејот била основана на иницијатива на руската научна заедница во 1896 година. Градската дума на Москва на збирката на музејот подарила голема колекција на експонати. Во 20 век музејот неколкупати го променил своето име и локација. Во 1921 година музејот бил наречен Московски општински музеј и бил сместен во кулата Сухарев. Во 1940 година бил преименуван во Музеј за историја и реконструкција на Москва. [1] Во 1987 година музејот го добил своето сегашно име.

Музејот стекнал повеќе од еден милион предмети кои го опишуваат животот во градот во текот на својата историја, од античките почетоци на Москва до денес. Оваа збирка содржи археолошки наоди, антички алатки, накит, бронзени и камени предмети од најстариот период на историјата на Москва. Постои збирка мапи и нацрти кои покажуваат како градот се развивал, ширел и растел од година во година. Голем број на фотографии ги прикажуваат важните настани, прилики и прослави од Москва од средината на 19 век до денес.

Музејот има оригинални облеки, носии, додатоци, мебел и други секојдневни предмети произведени од талентираните руски и европски мајстори.