Музеј Жил Верн

Од Википедија — слободната енциклопедија
Музејот Жил Верн се наоѓа на спила во Нант.

Музеј Жил Вернфранцуски музеј во Нант, основан во 1978 година и посветен на писателот Жил Верн (1828-1905), роден во овој град.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Музејот се наоѓа во квартот Белви-Шантене-Сент-Ана, Ри де л'Ермитаж бр. 3, на врвот на ридот Сент-Ан со поглед на Лоара и пристаништето, во близина на Скалилата на Света Ана што водат до кејот Маркиз д'Егијон.

Поставка[уреди | уреди извор]

Влезот во музејот

Во музејот се изложени книги, ракописи, документи, извадоци од дела како и илустрации, плакати, портрети на писателот, игри и предмети што му припаѓале и на музејот му ги оставиле неговите потомци. Музејот е поделен на осум тематски соби:

  • Соба за цртање на Жил Верн; со столчиња и часовник од неговата соба. Неговиот порцелан изложен во собата на градот Нант му го донирале потомците на Верн. Во текот на неговата кариера, Верн добивал порцелан како подарок од странски новинари.
  • Почеток на соништата
  • Море, море
  • Двајцата Жил
  • Познати и непознати светови
  • Патниците на сцена
  • Сала за читање и игри
  • Аудиовизуелна просторија

Историја[уреди | уреди извор]

Музејот е отворен во 1978 година по повод 150 годишнина од раѓањето на писателот, во голема буржоаска куќа изградена од 1872 до 1878 година од архитектот Ернест-Мари Бирон. Сликарот Жан Брино[1], потпомогнат од Лис Курвил, кустос на општинската библиотека, се здружиле за да го отворат овој музеј. Зградата, поделена на неколку станови во текот на XX век, постепено ја купувал градот Нант: во 1965 година, горниот дел и во 1973 година, долниот дел[2].

Дури и ако ова живеалиште нема непосредна врска со Жил Верн или со неговото семејство, сепак треба да се забележи дека неговите родители имале селска куќа во Ба-Шантене (од 1840 година), недалеку од овде, која сè уште е видлива на Ри де Реформ бр. 29 бис во близина на црквата Сен Мартин[3][4].

Зградата во која се наоѓа музејот била обновена во 2005 година, на стогодишнината од смртта на Жил Верн.

Проект за преселба[уреди | уреди извор]

Метрополата планира да го премести музејот на ново место до 2024-2025 година, во објект четири пати поголем од куќата во Ри де л'Ермитаж[5].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Le site officiel de Jean BRUNEAU, artiste-peintre nantais“. Архивирано од изворникот на 2014-10-22. Посетено на 12-04-2023. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help).
  2. „Maison actuellement Musée Jules Verne“. Patrimoine des Pays de la Loire. Архивирано од изворникот на 2015-07-02. Посетено на 22 juin 2015. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help).
  3. „Maison des parents de Jules Verne“. Patrimoine des Pays de la Loire. Архивирано од изворникот на 2015-09-26. Посетено на 22 juin 2015. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help).
  4. Nantes et Jules Verne sur terresdecrivains.com
  5. Nantes, Nantes Métropole | Ville de. „Bas-Chantenay : le Cap44 deviendra une Cité de l'imaginaire dédiée à l'univers exubérant de Jules Verne“ (француски). Посетено на 2019-11-07.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]