Мостот (поема)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Мостот“ — поема на македонскиот поет Блаже Конески, првпат објавена во 1945 година од издавачката куќа „Култура“. Потоа, поемата била вклучена во стихозбирката „Земјата и љубовта“ од 1948 година, кога авторот извршил неколку поправки. Во 1963 година, поемата била објавена како дел од збирката „Песни“ (издание на „Кочо Рацин“) при што, повторно, авторот извршил низа поправки во „Сказната на стариот мајстор“ во која изоставил неколку стиха и поправил две-три рими. Подоцна, Конески извршил уште една поправка на поемата, кога извршил значителни кратења на оние места кои претставувале само декларативен коментѕар. Освен кратењето, тој извршил и ситни измени во неколку стихови и така поемата го добила дефинитивниот облик.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Поемата се состои од седум дела (песни): По завршувањето на Втората светска војна, народот ја започнува обновата на земјата, вклучувајќи ја и изградбата на железничките пруги. Притоа, првиот воз го започнува патувањето и пристига во еден тунел, потоа продолжува низ полето и најпосле запира до една река, зашто мостот преку неа е уништен за време на борбата против непријателот. Меѓутоа, во тек е работата на поправката на мостот. Во шестата песна е дадена сказната на стариот мајстор чиј син погинал во борбата за ослобосување токму кај мостот. За време на погребот на синот, пред насобраниот народ, таткото се заколнал дека повторно ќе го подигне разурнатиот мост. И навистина, мостот е конечно изграден и возот ја минува реката преку него.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Забелешки“, во: Блаже Конески, Поезија. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2011, стр. 234-235.
  2. Блаже Конески, Поезија. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2011, стр. 17-28.