Мориорски јазик

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мориорски
Застапен во Нов Зеланд
Подрачје Полинезија
Говорници (н.п.)
Јазично семејство
Писмо латиница
Јазични кодови
ISO 639-3

Мориорскиот јазик е малајско-полинезиски јазик најсроден со маорскиот. Тоа е мајчиниот јазик на народот Мориори, кои се староседелците на Четемските Острови (Нов Зеланд).

Инвазијата од Таранаки од 1835 г. извршила големо влијание врз културата и јазикот на мориорите, со тоа што веќе во 1870-тите малкумина знаеле да го зборуваат мајчиниот јазик[1] Меѓутоа, Семјуел Дејгтон, Престојниот Мировен судија на Четемите од 1873 до 1891 год, составил краток вокабулар на мориорски зборови, заедно со нивните еквиваленти на мароски и англиски. Вокабуларот е издаден во прилог на Кинговата книга „Moriori: A People Rediscovered“.

Овој јазик бил реконструиран за употреба во делови од филмот „Перја на мирот“, кој во документарен стил ја пресоздал историјата на контактите помеѓу мориорите со Маорите и белците (Пакеха).

Иако се смета за изумрен јазик, постојат ставови според кои мориорскиот јазик сѐ уште се зборува од неколку лица на Четемските Острови, како и некои во самиот Нов Зеланд. Но ова не е докажано и представува тема на дебата.

Мориорското име за Четемските Острови („Четемите“) е Рекоху.

Наводи[уреди]

  1. *
    1. пренасочување Шаблон:Наведување/core/testing