Прејди на содржината

Молекулска маса

Од Википедија — слободната енциклопедија
Претпоставувајќи дека водород и кислород имаат стандардни тежини, молекулската маса на водата е 18.01528 -{u}-.

Молекулска маса, позната од порано и како молекуларна тежина —збир од атомските маси на сите атоми во една молекула. Се разликуваат релативна молекулска маса (не се изразува во единица мерка) и апсолутна молекулска маса (се изразува во кг, г или Da).

Моларната маса, меѓутоа, е збир од сите атомски маси на поединечните елементи од молекулата во еден мол честички и се изразува како маса на мол (најчесто g/mol).

Релативна молекулска маса

[уреди | уреди извор]

Релативната молекулска маса е однос меѓу средната маса на формулната единка и 1/12 од масата на атомот на нуклидот 12C, односно релативната молекулска маса е еднаква на збирот од релативните атомски маси кои ја градат формулната единка.