Прејди на содржината

Мод од Велс

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Мод Велшка)
Мод од Велс
Фотографија, ок. 1910
Кралица на Норвешка
На позиција18 ноември 1905 – 20 ноември 1938
Крунисување22 јуни 1906
Роден(а)Принцеза Мод од Велс
26 ноември 1869(1869-11-26)
Марлборо Хаус, Лондон, Англија
Починал(а)20 ноември 1938(1938-11-20) (возр. 68)
Лондон, Англија
Почивалиште8 декември 1938
Замокот Акершус, Осло
СопружникХокон VII Норвешки (в. 1896)
ДецаУлав V Норвешки
Полно име
Мод Шарлот Мери Викторија
ДинастијаСакс-Кобург и Гота
ТаткоЕдвард VII
МајкаАлександра Данска

Мод од Велс (со полно име при раѓање: Мод Шарлот Мери Викторија, принцеза од Велс; англиски: Maud Charlotte Mary Victoria; 26 ноември 1869 - 20 ноември 1938) била британска принцеза и кралица на Норвешка како сопруга на кралот Хокон VII. Таа е најмладата ќерка на кралот Едвард VII и кралицата Александра од Обединетото Кралство, и пред нејзиниот брак била позната како принцезата Мод од Велс, бидејќи нејзиниот татко во тоа време бил принц од Велс.

Мод е родена на 26 ноември 1869 година во Марлборо Хаус, Лондон. Таа е трета ќерка и петто дете на Алберт Едвард, принцот од Велс и Александра, принцезата од Велс. Алберт Едвард е најстар син на кралицата Викторија, а Александра е најстара ќерка на Кристијан IX од Данска.

Свадба на принцезата Мод од Велс и принцот Карл од Данска

Мод се омажила релативно доцна, и чекала до доцните дваесетти за да најде сопруг.[1]

На 22 јули 1896 година, принцезата Мод во Бакингемската палата се омажила за нејзиниот прв братучед, принцот Карл од Данска. Принцот Карл бил втор син од најстариот брат на британската кралица Александра, престолонаследникот Фредерик од Данска и принцезата Ловиса од Шведска. Таткото на невестата ѝ ја отстапил куќата Еплтон во Сандрингем како нејзина резиденција при нејзините чести посети на Англија. Таму на 2 јули 1903 година се родило единственото дете на двојката, принцот Александар.[2]

Кралица на Норвешка

[уреди | уреди извор]
Мод по нејзиното крунисување, ја носи круната на кралицата, а во рацете држи жезол и шар

Принцот Карл служел како офицер во Данската кралска морнарица, а тој и неговото семејство до 1905 година живееле претежно во Данска. Во јуни 1905 година, норвешкиот Стортинг ја раскинал 91-годишната заедница помеѓу Норвешка и Шведска и било изгласано престолот да му го понудат на принцот Карл од Данска. Мод која припаѓала на британската кралска династија придонела за таквата одлука. По референдумот во ноември, принцот Карл го прифатил норвешкиот престол и станал крал Хокон VII, а неговиот син бил преименуван во Улав. Кралот Хокон VII и кралицата Мод биле крунисани на 22 јуни 1906 година во катедралата Нидарос во Трондхајм; ова последно крунисување во Скандинавија.

Кралицата Мод брзо се прилагодила на нејзината нова земја и на должностите како кралица. Мод одиграла силна и доминантна улога во дворот и семејството, но дискретна улога во јавноста.[3]

За време на нејзините први години во Норвешка, таа и нејзиниот сопруг биле фотографирани во норвешки народни носии и уживале во зимските спортови, за што повеќе да изгледаат како Норвежани кај народот.[3]

Последното јавно појавување на кралицата Мод во Британија било во Вестминстерската опатија за време на крунисувањето на кралот Џорџ VI и кралицата Елизабета во мај 1937 година.[4]

Смрт и оставштина

[уреди | уреди извор]
Статуа на Мод во Кралската палата, Осло

Мод ја посетила Англија во октомври 1938 година. Таму се разболела и на 16 ноември 1938 година ѝ била извршена операција на абдоменот. Кралот Хокон веднаш пристигнал од Норвешка за да биде покрај неа. Иако ја преживеала операцијата, Мод неочекувано починала од срцева слабост на 20 ноември 1938 година,[5] шест дена пред нејзиниот 69-ти роденден и на 13-годишнината од смртта на нејзината мајка.[6][7] На норвешките весници им било дозволено да го прекршат законот за забрана на објавување во недела за да ја известат норвешката јавност за нејзината смрт.[8] Кралот Хокон ја вратил куќата Еплтон на британското кралско семејство.[9]

Нејзиното тело било вратено во Норвешка со брод на Кралската морнарица,[10] и нејзиното тело било положено во кралската крипта во замокот Акершус, Осло.[5][11]

Земјата на Кралицата Мод и Планините на Кралицата Мод на Антарктикот; Заливот на Кралицата Мод (вклучувајќи го и засолништето за птици преселници на Кралицата Мод) во Нунавут, Канада, се именувани по Мод. Бродот Мод, дизајниран според насоките на Роалд Амундсен за пловидба во Северноледениот Океан и пуштен да плови во 1916 година бил крстен во чест на Мод од Велс.

  1. Hibbert, p. 182
  2. „Appleton House“. The Norwegian Royal Household. 5 March 2011.
  3. 3,0 3,1 Maud Charlotte Mary Victoria – utdypning
  4. „Statue of Queen Maud unveiled by HM King Harald“. Norway. Архивирано од изворникот на 2021-05-07. Посетено на 9 July 2013.
  5. 5,0 5,1 „Statue of Queen Maud unveiled by HM King Harald“. Norway. Архивирано од изворникот на 2021-05-07. Посетено на 9 July 2013."Statue of Queen Maud unveiled by HM King Harald" Архивирано на 7 мај 2021 г.. Norway. Retrieved 9 July 2013.
  6. „Queen Maud Undergoes Operation“. The Courier-Mail. Brisbane. 17 November 1938. стр. 7. Посетено на 25 December 2011 – преку National Library of Australia.
  7. „Death of Queen“. The Courier-Mail. Brisbane. 21 November 1938. стр. 1. Посетено на 25 December 2011 – преку National Library of Australia.
  8. „Death of Queen Maud“. The Sydney Morning Herald. 22 November 1938. стр. 11. Посетено на 25 December 2011 – преку National Library of Australia.
  9. „Appleton House“. The Norwegian Royal Household. 5 March 2011."Appleton House". The Norwegian Royal Household. 5 March 2011.
  10. Sandelson, Michael (28 October 2011). „Norway's Queen Maud in euthanasia speculations“. The Foreigner. Посетено на 20 March 2017.(бара претплата)
  11. Dahlmann, L. A. „The secret journey of Queen Maud's coffin | norwegianhistory.no“ (англиски). Архивирано од изворникот на 9 February 2019. Посетено на 2019-02-07.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]