Мишел Тело

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Мишел Тело (Michel Teló - Медианеира, 21 јануари 1981) е бразилски пејач и композитор. Тело беше дел од две музички групи, но групата во која започна неговата кариера како пејач е „Grupo Tradição“. Најголемите хитови на групата се „Goodbye“, „The Cauldron“, „Forever My Life“, „The Brazilian“ и „I Want You“ („Збогум“, „Котелот“, „Засекогаш Мојот Живот“, „Бразилецот“ и „Те сакам“). Освен што е пејач-текстописец, тој е и танчер и свири на рачна хармоника, усна хармоника и гитара.

Биографија[уреди]

Иако е роден во Paraná, Тело живее во Campo Grande, Mato Grosso do Sul. Од рани години Тело го има посветено својот живот на музиката. Неговата артистичка кариера започна во 1987 година, кога како осумгодишно момче ја направи својата прва изведба во училишниот хор, пеејќи ја „Мој драг стар човеку, мој пријателу“, дело на Роберто Карлос и Еразмо Карлос. Изведбата беше на средина во прославата за татковците одржана во училиштето. На 12 годишна возраст, Тело се придружи на бендот „Group Guri“. Тој стана водечкиот пејач. Покрај неговата љубов кон хармониката, Мишел посетуваше и часови за пијано пет години.

Според магазинот Форбс, во 2011 година Тело заработил 18 милиони долари.