Мирослав Богосавац

Од Википедија — слободната енциклопедија
Богосавац со Србија У21 во 2017 година

Мирослав Богосавац (роден на 14 октомври 1996 година) е професионален српски фудбалер кој игра на позицијата како лев бек. Моментално настапува за рускиот клуб Ахмат од Грозни.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Богосавац е роден во Сремска Митровица. Тој се приклучил на младинската академија на Партизан во 2008 година. Својот прв професионален договор со клубот го потпишал на 14 август 2013 година, заедно со Миладин Стевановиќ. И двајцата потпишале тригодишен договор.[1] За да стекнат искуство и двајцата фудбалери биле веднаш испратени во блискиот тим Телеоптик. И двајцата биле промовирани назад во клубот на Партизан во сезоната 2015-16. Богосавац редовно играл под палката на тренерот Иван Томиќ, особено во вториот дел од сезоната.

Во февруари 2017 година, Богосавац бил префрлен во клубот на Чукарички и тоа на тригодишен договор.[2] Тој бил избран во тимот на сезоната 2017-18 во српската Суперлига поради неговите одлични игри.

На 14 февруари 2020 година, тој му се приклучил на рускиот прволигаш Ахмат од Грозни и тоа како позајмен играч до крајот на сезоната 2019-2020, со опција за понатамошно откупување на договорот.[3] На 3 јули 2020 година, клубот на Ахмат ја активирал опцијата за купување на играчот и веднаш е потпишан 4-годишен договор.[4]

Меѓународна кариера[уреди | уреди извор]

Богосавац ја претставувал Србија на ниво до 19 и до 21 година во натпреварувањата на УЕФА. Својот прв натпревар за фудбалската репрезентација на Србија го имал на 20 март 2019 година на пријателскиот натпревар против селекцијата на Германија и тоа како играч од стартниот тим.[5]

Статистика[уреди | уреди извор]

Обновено на 12 Декември 2021 година
Клуб Сезона Лигашки натпревари Куп натпревари Континентални натпревари Вкупно
Лига Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови
Телеоптик (како позајмен играч) 2013–14 Српска прва лига 25 0 0 0 25 0
2014–15 Српска лига Белград 21 3 21 3
2015–16 11 0 11 0
Вкупно 57 3 0 0 57 3
Партизан 2015–16 Српска Суперлига 16 0 4 0 0 0 20 0
2016–17 3 0 1 0 2 0 6 0
Вкупно 19 0 5 0 2 0 26 0
Чукарички 2016–17 Српска Суперлига 15 0 3 0 0 0 18 0
2017–18 35 0 4 0 39 0
2018–19 30 1 1 0 31 1
2019–20 12 1 1 0 4 0 17 1
Вкупно 92 2 9 0 4 0 105 2
Ахмат од Грозни 2019–20 Руска Премиер лига 10 0 1 0 11 0
2020–21 29 0 3 0 32 0
2021–22 12 0 1 0 13 0
Вкупно 51 0 5 0 0 0 56 0
Вкупно во кариерата 219 5 19 0 6 0 244 5

Признанија[уреди | уреди извор]

Клуб[уреди | уреди извор]

Партизан
  • Освоен е Куп на Србија: 2015–16

Индивидуални признанија[уреди | уреди извор]

  • Член Тимот на сезоната во Српската Суперлига : 2017–18, 2018–19 година

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Stevanović i Bogosavac novi profesionalci“ (Serbian). partizan.rs. 14 August 2013. Посетено на 10 August 2015.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  2. „Bogosavac u Čukaričkom, Tomić odlazi“ (Serbian). fkcukaricki.rs. 17 February 2017. Архивирано од изворникот на 2018-05-21. Посетено на 20 May 2018.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  3. „Мирослав Богосавац перешёл в "Ахмат" (Russian). FC Akhmat Grozny. 14 February 2020. Архивирано од изворникот на 2022-01-21. Посетено на 2022-01-21.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  4. "Ахмат" подписал четырехлетний контракт с Мирославом Богосавацем“ (Russian). FC Akhmat Grozny. 3 July 2020. Архивирано од изворникот на 2022-01-21. Посетено на 2022-01-21.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  5. „Germany v Serbia game report“. ESPN. 20 March 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]