Милутин Митрески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Милутин Митрески
Роден 1924 година
Иванчишта, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал април, 1945 година
Врпоље, Хрватска
Националност Македонец

Милутин Василков Митрески ( 1924во Иванчишта, Кичевско1945во Врпоље, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Спомени од НОБ во селото Иванчишта, на кој се наоѓа и името на Милутин Митрески.

Животопис[уреди | уреди извор]

Имал желба да се школува, но таа желба не му се остварила ѝ по завршувањето на основното училиште останал да се занимава со сточарство и земјоделие. Определен за борба против окупаторот, во есента 1943 годнна почнал активно да работи за народно ослободителното движење, а во септември 1944 година заминал како партизан во Првата македонска бригада. Учествувал во борбите за ослободувањето на Охрид, Струга и Кичево. Во состав на Петнаесеттиот корпус заминал на Сремскиот Фронт. Како добар борец станал комесар на вод. Загинал во борба со Германците при еден пробој кај Врпоље во април 1945 година.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 82.