Меѓународна лизгачка организација
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Меѓународна лизгачка организација (ISU) |
|
| Основана | 1892 |
|---|---|
| Спорт | лизгање на мраз |
| Седиште | |
| Председател | |
| Мрежно место | http://www.isu.org/ |
Меѓународната лизгачка организација (ISU) е главна меѓународна институција, која е задолжена за организирање на натпреварувања во лизгачките спортови, во кои спаѓаат: уметничко лизгање, синхронизирано лизгање, брзо лизгање и брзо лизгање на кратки патеки. ISU е основана во Схевенинген, Холандија во 1892 година. Организацијата е основана со цел да се постават стандарди и меѓународни правила за лизгачките дисциплини и преку неа, полесно да се организираат натпреварувања во тие дисциплини.
Седиштето на унијата е во Лозана, Швајцарија.
