Меланоцит
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Меланоцит | |
|---|---|
| Меланоцит и меланин. | |
| Латински | melanocytus |
| MeSH | Melanocytes |
Меланоцити се клетки кои создаваат меланин во базалниот слој (stratum basale) кој епидермисот на кожата. Меланинот е пигмент одговорен за бојата на кожата. Обично, на кожата се наоѓаат помеѓу 1000 и 2000 меланоцити на квадратен милиметар. Меланоцитите сочинуваат од 5% до 10% од клетките во базалниот слој на епидермисот.