Мезофил

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Мезофилот е организам, којшто вирее на умерени температури, ниту многу високи ниту многу ниски, вообичаено помеѓу 25 и 40 °C. Терминот воглавно се однесува на микроорганизми.

Ареалот на овие организми ги вклучува почвите, човечкото тело, животните и др. Оптималната температура за многу патогени мезофили е 37 °C, т.е. нормалната температура на човечкото тело. Мезофилните организми играат важна улога во прехрамбената индустрија, посебно при правење на сирење и кисело млеко, пиво и вино.

Организмите кои ја претпочитаат студената средина се нарекуваат психрофили, а оние кои претпочитат повисоки температури се нарекуваат термофили. Организмите кои живеат на екстремно високи температури се нарекуваат хипертермофили.