Streptococcus pyogenes

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Streptococcus pyogenes
S. pyogenes bacteria at 900x magnification.
Научна класификација
Царство: Eubacteria
Колено: Firmicutes
Класа: Cocci
Ред: Lactobacillales
Фамилија: Streptococcaceae
Род: Streptococcus
Вид: S. pyogenes
Биномен назив
Streptococcus pyogenes
Rosenbach 1884

Streptococcus pyogenes е грам позитивна бактерија која расте во вид на синџир, без спори, флагели, некои видови имаат капсула, а некои не.
Расте на крвен агар и дава мазни непровидни, непигментирани колонии, а околу нив ẞ хемолиза.

Отпорност и токсичност[уреди]

Средно отпорна бактерија отпорна на сушење, осетлива на пеницилин.
Лачи јак еритроген токсин т.н. Диков токсин и тоа тип (A,B и C). Овој токсин доведува до оштетување на ендотелот на капиларите. Ги прави пропустливи и доведува до излевање на крвта во кожата во вид на точкасти крварења. Потоа токсинот по лимфохематоген пат се разнесува до паренхимните органи (слезина, црн дроб).
Покрај овие лачи и хемолизин О и S. Стрептокинеза и хијалиранидаза, дезоксирибунуклеоза.

Антигенска структура и епидемиологија[уреди]

Содржи М, Т и R антигени на кои се создаваат М, Т и R антитела.
Извор на инфекцијата е болен човек - клицоносител. Се пренесува директно по аерокапков пат, а поретко индиректно. Има сезонски карактер на јавување и тоа: есен, зима поради долг престој во затворен простор и близок контакт со болен.

Патогенеза[уреди]

Влезна врата слузницата на горни дишни патишта. Заболувањата кои го предизвикуваат се наречени стрептококози.
Се делат на:

  • Заболувања со инфазивен карактер.

Кожа (апцес, фуринкули, карбункули, целулитис, еризипел, флегмона)

  • Заболувања со токсичен карактер.
  • Скарлатина (Шарлах) претставува акутна инфективна болест која се карактеризира со покачена температура 39-40°C, гадење, повраќање, хиперемичен фаринкс, огнено црвено грло со гнојна ангина.


Карактеристично за скарлатина - егзантем (исип) по кожата и телото и енантем (исип) по видливите слузокожи.
Егзантемот го зафаќа целото тело со исклучок на лицето, длаките, и табаните. Лицето е зацрвенето особено на јаболчниците се до назолабјалната бразда каде имаме бледило тоа е знак на пасти на местото со повеќе кожни набори (вратот) аксилите, (препоните зад колениците). Егзантемот се слива во вид на црвени линии - знак на Филатов.
Егзантемот отпаѓа со ситно брашнесто перутење на кожата и тоа почнуваќи од нејзините најнежни делови (врат, околу ноктите на рацете итн.)
Рековалесценцијата (опоравување) започнува по втората недела.

  • Заболувања со алергиски автоимун карактер.
  • Реуматска треска, се јавува кај луѓе коишто прележале попвеќе пати гнојна ангина во детската возраст. Се карактеризира со негнојни артритиси на се повеќе и повеќе зглобови. Подоцна се јавуваат деформации, заболувања на срцевите залистоци.
  • Акутен Гломерулонефритис, се јавува во детска возраст со протеини и крв во урината едеми и покачен крвен притисок.

Дијагноза[уреди]

Анамнеза, клиничка слика епидимиолошка анкета, микробиолошка дијагноза, (се зема брис до влезното место, до грло, кожа, пункција на коскена срж, ликвор, крв и др.) Се прави препарат и се бои ои грам или се засејува на крвен агар и декстрозен бујон.

Терапија[уреди]

Се даваат Пеницилини.
Имунитетот е краткотраен.
Профилакса изолација на болните и клицоносителите, а кај луѓе кои доживеале еден напад на ревматска треска се даваат на секој 15-30 дена во текот на 5 години депопеницилини.