Мевот на еден архитект

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Мевот на еден архитект“ (англиски: Belly of an Architect) — италијанско-британски филм од 1987 година, режиран од Питер Гринавеј (Peter Greenaway), кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Брајан Денехи (Brian Dennehy) и Клои Веб (Chloe Webb). Филмот бил номиниран за наградата „Златна палма“ на Канскиот фестивал.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Познатиот американски архитект Сторли Краклајт (го игра Денехи) доаѓа во Рим за да организира голема изложба за својот омилен архитект Етјен-Луј Буле. Додека патуваат со возот, Клои конечно забременува откако претходно имала неколку спонтани абортуси. За време на престојот во Рим, Краклајт е опседнат со изложбата и целосно ја занемарува сопругата (ја игра Веб), која си наоѓа љубовник. Истовремено, Краклајт страда од големи болки во стомакот, проследени со често повраќање. Љубовникот на неговата сопруга е задолжен да обезбеди финансии за изложбата, но отј прави финансиски малверазации. Во меѓувреме, тој оди на лекарски преглед и се утврдува дека има рак на желудникот. Најпосле, тој е отстранет од организацијата на изложбата, а неговата сопруга го напушта и се сели кај љубовникот. На денот на отворањето на изложбата, Краклајт влегува тајно во споменикот на Виктор Емануел, а потоа се фрла низ прозорецот.

Наводи[уреди | уреди извор]