Мајкл Џеј Фокс

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај


Мајкл Џеј Фокс

На доделувањето на Еми наградите во 1988
Background information
Years active 1973 - денес

Мајкл Џеј Фокс е наградуван канадски актер, најпознат по своите улоги во трилогијата Враќање во иднината (Марти МекФлај), Семејни врски (Алекс Китон) и Лудиот Град (Мајк Флаерти).

Во 1991 му беше дијагностицирана Паркинсонова болест, и поради влошување на состојбата, во 1998 речиси се повлече од глумење.

[уреди] Кратка биографија

Мајкл Џ. Фокс е син на канадски воен офицер. Роден е на 9 јуни 1961 во Едмонтон, Канада. Првото телевизиско деби го прави во Ванкувер на 15 годишна возраст. Три години подоцна тој се сели во САД и живее во тешки услови додека да ја добие зелената карта. Работите почнале да се подобруваат со добивањето на улогата во неделната серија „Палмерстаун“, како и споредната улога во филмот „Полноќно лудило“.

Во 1982 година почнува со снимањето на хумористичната серија „Семејни врски“ на која ќе работи се до 1989-та година. Неговата филмска кариера ја одбележуваат филмовите „Враќање во иднината“ (1985), „Тајната на мојот успех“ (1987) и „Жртви на војната“ (1989).

Во 1996 година тој и се враќа на телевизијата и почнува со снимањето на првиот серијал од хумористичната серија „ Лудиот град“, каде што ја игра улогата на Мајкл Флаерти, заменик на градоначалникот на Њујорк. Оваа серија доживува огромен успех и ја доживува својата шеста година на снимање (во последните серијали место него глуми Чарли Шин).

Во 1996 година тој глуми во филмот „Марс напаѓа“.

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици