Маја Иванова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Маја Иванова
4та Прва Дама на Македонија
На должноста
12 мај 2009 – 12 мај 2019
Претходник Јасна Црвенковска
Наследник Елизабета Пендаровска
Лични податоци
Роден(а) 15 мај 1964
Македонија Македонија Скопје, Македонија
Националност Македонка
Сопружник Ѓорге Иванов
Деца Иван Иванов
Живеалиште Скопје, Македонија
Установа Правен факултет
Професија Агенција за цивилна воздушна пловидба на Македонија
Вероисповед Македонско православие

Маја Иванова родена Тоневска (Скопје, 15 мај 1964) — сопруга на четвртиот македонски претседател Ѓорге Иванов и поранешна Прва дама на Македонија.

Животопис[уреди | уреди извор]

Иванова е родена во Скопје во 1964 година[1]. Првата Дама на Република Македонија, госпоѓа Маја Иванова, е дипломиран правник и е вработена во Агенцијата за цивилна воздушна пловидба на Македонија, каде што работи како советник. Воедно ги исполнува своите обврски како сопруга на Претседателот на Македонија.

Маја Иванова уште од раната младост била активна и динамична личност, чиј пристап кон опкружувањето и светот бил полн со нескриена љубопитност и желба за нови откривања и за поголемо знаење. Деновите кога била ученик во Основното училиште „Кочо Рацин“, а подоцна и нејзините гимназиски денови, биле исполнети со креативност и творење, пред сè со пишување поезија. Љубовта кон својот роден град и неговата уникатна енергија ја насочува во збирката поезија посветена на Скопје, за која ја добива престижната награда „13 Ноември".

За време на студиите на Правниот факултет во Скопје го почнува и својот ангажман во многу сфери на општествениот живот. Како младински политички активист е сведок на бурните настани кои го обележуваат создавањето на независната македонска држава, но и силен глас во младинските дебати кои како централна тема го поставуваа идното созревање и развојот на татковината.

Својата работна кариера Маја Иванова ја почнува во компанијата „Интеримпекс“, а потоа го прифаќа предизвикот да работи како претставник на швајцарската фармацевтска компанија „Хофман ла Рош“. Кариерата ја продолжува во претставништвото на авиокомпанијата „Олимпик Ервејс“, а од 2001 година е вработена во Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Нејзината континуирана ангажираност во Црвениот крст на Република Македонија несомнено придонесе кон подготвеноста на г-ѓа Маја Иванова при преземањето на обврските како сопруга на Претседателот на Република Македонија. Г-ѓа Иванова недвојбено се посвети на прашањата кои не секогаш во општество се поставени како приоритетни — подобрување на условите и перспективите на децата без родители и на лицата со посебни потреби, како и зајакнување на позицијата на жената во секој сегмент на општественото дејствување.

Слободните часови во семејството Иванови се исполнети со музика. Г-ѓата Маја Иванова, свесна за позитивните влијанија на музиката во животот на секој човек, честопати го исполнува семејниот простор со звуците на инструментите кои ги владее — пијано и хармоника. Таа љубов кон музиката што ја дели со својот сопруг, ја пренесе и на синот Иван, кој денес покрај посветеноста на политичките студии, свири гитара и е активен млад музичар.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-11-13. Посетено на 2013-02-28.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Политички функции
Претходник
Јасна Црвенковска
Прва дама на Македонија
2009 – 2019
Наследник
Елизабета Пендаровска