Мато Гросо

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Мато Грошо)

Мато Гросо (португалски: Mato Grosso) е една од државите во Бразил, трета по големина. Се наоѓа во западниот дел на Бразил на границата со Боливија. Зафаќа површина од 903.357 км2 и население од 3 милиони жители. Главен град е Кујаба.

Знаме на Мато Гросо

На север на Мато Гросо се наоѓа амазонската прашума со голема биоразноликост. На југ се наоѓа мочуриштето Пантанал, најголемото на светот со илјадници животински видови. Тука живеат голем број на индијанското племе Бороро.

Полјоделството сочинува околу 41% од економските приходи, 40% услужните дејности, додека пак индустријата е застапена со 19%. Главниот извозен производ е сојата, потоа дрвото, месото и памукот. Португалскиот е главен и службен јазик, а во училиштата се изучува и англиски и шпански.

Локалната култура е многу разновидна, под влијание на Индијанците, потоа робовите од Африка и доселениците од Европа, главно Португалци. Музиката и танцот се поврзани со прославата за светците - заштитници од кои се истакнува Св. Бенедикт, како еден од најомилените.