Маријана Миќиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Маријана Миќиќ
Маријана Миќиќ во 2019 година

Маријана Миќиќ (Белград, 20 март 1983), позната како Мара, е српска водителка и глумица.

Животопис[уреди | уреди извор]

Маријана Миќиќ е родена во Белград 20 март 1983 година. Завршила основно училиште Крал Петар Први и Единаесетта Белградска гимназија, а потоа дипломирала глума на "БК." Академија на уметности во Белград, во класата на Иван Бекјарев.[1] Заедно со Ана Михајловски најпозната е како водителка на Големиот брат. Популарноста заедно ја стекнале во серијалот Едноставен живот и водејќи  ги повеќето емисии  на Емоушон продукција. Емоушон продукцијата ја напушти во 2014 година и премина на ТВ Пинк, каде го води детскиот музички талент шоу Пинкови ѕвездички. Глумела во неколку ТВ серии, а најголем успех доживеа во серијата Љубов и омраза,[2][3]  каде ја толкува улогата на медицинската сестра Славица.[4]

Емисии[уреди | уреди извор]

Година Име
2004 Генерална проба
2004 Лажни
2003-2005 Бунга банга ре
2005 48 часа свадба
2005-2007 Супер херои од островот на соништата
2005 Сакаш — Не сакаш
2006 Летачки старт
2006-2013 Големиот брат
2008 Операција Триумф
2012-2013 Дневен весник
2012-2013 Ноќен ТВ-проект
2014-2016 Пинкови ѕвездички (1 и 2 сезона)

Извори[уреди | уреди извор]

  1. „Marijana Mićić“. cls.rs. Архивирано од изворникот на 2013-03-28. Посетено на 30 март 2013.
  2. „Marijana Micic Biografija“. poznati.info. Архивирано од изворникот на 2013-04-03. Посетено на 30 март 2013.
  3. „Marijana Mićić Biografija“. rijaliti.com. Посетено на 30 март 2013.
  4. „Marijana Micic“. imdb.com. Посетено на 30 март 2013.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

(англиски)