Манастир „Св. Ѓорѓи и Пресв. Богородица Утешение“ - Цигарево

Координати: 40°52′56″N 22°25′16″E / 40.88222° СГШ; 22.42111° ИГД / 40.88222; 22.42111
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Ѓорѓи и Пресвета Богородица Утешение
Αγίου Γεωργίου και Παναγίας της Παραμυθίας στο Άνυδρο
Карта
40°52′56″N 22°25′16″E / 40.88222° СГШ; 22.42111° ИГД / 40.88222; 22.42111
МестоЦигарево, Ениџевардарско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Завршена1990
Управа
ЕпархијаГуменџиско-бојмичко-ругуновска

Свети Ѓорѓи и Пресвета Богородица Утешение (грчки: Ιερό Ησυχαστήριο Αγίου Γεωργίου και Παναγίας της Παραμυθίας στο Άνυδρο) — женски манастир кај поранешното село Цигарево, Ениџевардарско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Гуменџиско-бојмичко-ругуновската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]

Географија[уреди | уреди извор]

Манастирот се наоѓа во југоисточните пазуви на планината Пајак над Гуменџе, на неколку километри јужно од селото Рамна, на местото на некогашно Цигарево. Кон манастирот водат три пата — еден од Гуменџе преку Рамна, друг од Дамјан, а трет од Пилорик. Јужно од манастирот се гледаат урнатините од куќите на Цигарево.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Манастирот е основан во 1990 г. од монахињата Јована Хаѕика кај постоечката цигаревска црква „Св. Ѓорѓи“. Осветен е на 28 август 1991 г. од митрополитот Амвросиј Полјанско-кукушки. Во септември истата година прешла во новосоздадената Гуменџиско-бојмичко-ругуновска митрополија.[1]

Мошти[уреди | уреди извор]

Во манастирот има мошти од Свети Рафаил, Света Олимпија, Апостол Филип, Света Петка, Петте Маченици (Евгениј, Евстратиј, Мардариј, Орест и Авксентиј), кожата на Свети Кирик, мошти на Света Катерина, Свети Јоаким Ватопедски, светци од манастирот Хозева, Витлеемските младенци, Свети Игнатик Метимниски, Свети Јован Колибар, Свети Методиј и Свети Ѓорѓи.[1]

Цркви и параклиси[уреди | уреди извор]

Манастирската црква „Пресв. Богородица Утешение“ е храм со куполи од светогорски тип. Има резбан иконостас. Црквата е живописана од Христос Карапалис, а преносливите икони се дело на монахињите.[1]

Северно од главната црква е малата македонска црква „Св. Ѓорѓи“, веројатно изградена во XIX век, која во прво време имала улога на главна црква на овој манастир.[1]

На север од влезот е параклисот „Св. Архангели и св. Теодор Тирон и Теодор Стратилат“. Десно од плоштатчето е параклисот „Св. Никола и св. Пантелејмон“, а лево е параклисот „Св. Мироносци и св. Кипријан и Јустин“. Југоисточно од манастирската црква е малката црквичка „Св. Онуфриј“, а југозападно е параклисот „Св. Сава“. Десно надвор од главната манастирска порта е параклисот „Воскресение Христово и св. Харалампиј“, а лево е „Св. Лука Кримски“.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 Λάμπρου, Σουλτάνα Δ. „Ιερό Ησυχαστήριο Αγίου Γεωργίου και Παναγίας της Παραμυθίας στο Άνυδρο“. Promo.cross. Архивирано од изворникот на 2014-06-27. Посетено на 16 јуни 2014.
  2. „Άνυδρο, Ι.Μ.Αγίου Γεωργίου“. Enjoy Kilkis. Посетено на 14 март 2018.