Маковска Река

Координати: 41°05′51.7″N 21°40′25.5″E / 41.097694° СГШ; 21.673750° ИГД / 41.097694; 21.673750
Од Википедија — слободната енциклопедија
Маковска Река
Маковска Река кај селото Рапеш
Местоположба
Физички особености
Извор 
 • местоСелечка Планина
Устие 
 • место
Црна Река
 • координати
41°05′51.7″N 21°40′25.5″E / 41.097694° СГШ; 21.673750° ИГД / 41.097694; 21.673750
 • надм. вис.
440 м
Должина7,74 км
Особености на сливот
ТечениеЦрна РекаВардарЕгејско Море
Речен сливВардар

Маковска Река ​— река во јужниот дел на Македонија, во областа Мариово и десна притока на Црна Река.

Течение[уреди | уреди извор]

Реката извира на Селечка Планина и е образувана од повеќе помали водотеци. Таа тече во правец запад-исток и по своето течение поминува низ селата Маково и Рапеш пред вливот во Црна Река во Скочивирската Клисура на надморска височина од 440 м. Нејзина најпозната притока е Кабига Поток, која ја прима од десната страна непосредно по селото Рапеш.

Хидрографија[уреди | уреди извор]

Вкупната должина на реката изнесува 7,74 км.[1]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Маковска Река“. Geoview.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]