Македонска повест

Од Википедија — слободната енциклопедија
Глигор Смокварски, автор на првиот македонски балет

Македонска повест – прв македонски балет чиј автор е композиторот Глигор Смокварски.[1] Делото било завршено во втората половина на 1952 година. Фабулата на балетот била по познатата драма „Печалбари“ на Антон Панов[2]

Премиера[уреди | уреди извор]

Премиерата на „Македонска повест“ се одржала на 21 јуни 1953 година заедно со „Балетска импресија“ од Амилкаре Понкиели. Диригент бил Кирил Спировски, кореографијата била на Димитрие Парлиќ, а сценографијата на Василие Поповиќ-Цицо. Ликот на печалбарската жена го играла Натка Пенушлиска, а на момчето Константин Лашков.[1][2]

Критики[уреди | уреди извор]

Критика за балетот „Македонска повест“ дал Кирил Македонски веќе на 23 јуни 1953 година во „Нова Македонија“. Критиката како општа констатација заклучува дека балетот „Македонска повест“ земен во целост дава импресија на нешто уште неоформено, без широчина и замав. Од музичка страна пак, делото е стилски неурамнотежено – проблесоци на убави македонски народни мелодии по кои доаѓа музика со чисто европски мелос, со што се намалуваат убавите штимунзи. [2]

Сепак, и покрај наведените слабости, авторот Глигор Смокварски, успеал со цитирање на македонски народни мелодии да створи македонска музичка атмосфера. [2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 македонска-повест/ „Најстари балетски изведби“ Проверете ја вредноста |url= (help). Македонска ложа. Посетено на 17 септември 2022.[мртва врска]
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Македонска повест“. Критики. 23.06.1953. Посетено на 17 септември 2022. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)