Лото Спорт Италија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Лото Спорт Италија
Тип Приватна компанија
Oснована 1973 во Монтебелуна, Италија
Седиште Тревизо, Италија
Опслужувано
подрачје
Ширум светот
Дејност спортска опрема, спортски добра
Производи Спортски патики
спортска гардероба
спортска опрема
Портал www.lottosport.com

Лото Спорт Италија е италијански производител на спортска опрема. Нивните производи за сега се дистрибуираат во повеќе од 60 земји.

Историја[уреди]

Компанијата Лото е основана во 1973 година од страна на семејството Кабрелото (кои биле сопственици на фудбалскиот тим Тревизо) во Монтебелуна, северна Италија, светски центар на производство на обувки. Во јуни 1973 година, Лото го имал своето деби како спортски производит на обувки. Тениските патики всушност го означуваат почетокот на производство, проследено со модели за кошарка, одбојка, атлетика и фудбал.

Производството на спортска облека бил следниот потфат на компанијата. Во првите 10 години, Лото биле фокусирани на италијанскиот пазар. Во текот на првата деценија, корпоративната стратегија била концентрирана на правење тениски обувки и облека, и спонзорирани на големи имиња од професионалниот тенис (Мартина Навратилова, Борис Бекер, Томас Мунстер, Андреа Гауденци).

Продавница на Лото во Хонг Конг

Во 80-тите Лото се пресели за да ја прошири својата бизнис база, натпреварувајќи се со тогашната мала група на производители на фудбалски копачки и облека. Откако ги создале својте први фудбалски модели на дресови и копачки, потпишале големи договори за соработка со меѓународни реномирани играчи и тимови. Познати тенисери од тој период кој ја носеле оваа марка биле Џон Њукомб, Андрес Гомез и Хозе Луис Клерк.

Првите спонзорски договори во фудбал биле потпишани со играчи (Дино Ѕоф и Руд Гулит) и тимови, како што се Милан (1993-1998), на Холандската репрезентација, Наполи, Јувентус, Кјево и Реал Сарагоса. Ова вклучување заедно со јавните слики на спортистите помогнале да се направи компанијата лидер во тенисот и фудбалот. Во текот на истиот период, Лото го проширил пазар за извоз, и неговиот меѓународен бизнис пораснал брзо. Десет години подоцна брендот бил дистрибуиран во повеќе од 60 земји низ целиот свет .

Во јуни 1999 година, компанијата била превземен од страна на група на локалните деловни луѓе, кои веќе беа многу активни во спортската област. Компанијата била преименувана во Лото Спорт Италија .

Денес Лото ги дистрибуира своите производи во повеќе од 70 земји преку независни спортски продавници, специјализирани во синџирот на продавници и големите продавници со спортски оддели.

Надворешни врски[уреди]