Логан Пол

Од Википедија — слободната енциклопедија
Логан Пол

Логан Александар Пол (1 април 1995) — американски јутјубер и актер. Тој својата слава ја стекнал преку постирање на видеа на интернет. Потоа Пол се занимавал со глумење во телевизиски серии и филмови. Неговата телевизиска кариера започнала кога тој учествувал како гостин во „Закон и ред“: Специјална единица за жртви и улога во комедискиот филм „Чудни осаменици“. Неговата филмска кариера ја вклучува дистописката научна фантастика на Јутјуб со филмот „Разредување“ и комедијата за возрасни „Авионски режим“.

Животопис[уреди | уреди извор]

Логан Александар Пол е роден на 1 април 1995 година во Вестлејк, Охајо, каде и пораснал заедно со помалиот брат Џејк. Пол започнал да прави видеа за Јутјуб, на 10-годишна возраст.

Средно училиште завршил во Вестлејк, каде освоил петто место во боречки натпревар.

Во време кога се запишувал на колеџ, неговиот Јутјуб канал имал малку обожаватели. Во 2014 година го напуштил универзитетот Охајо за да се посвети целосно на кариерата забавувач на интернет. За таа цел се преселил во комплекс апартмани во Лос Анџелес.

Тој снимал видеа со Аманда Серни, Хуампа Зурита,направиле доста колаби заедно.