Ли (река)
Ли (кин. 漓江, пинјин: Lí Jiāng - „Лиџианг“) е река во покраината Гуангсји во НР Кина.
The River Li originates in the планините Маоар во округот Сјинган и тече јужно низ окрузите Гујлин, Јангшуо и Пингле. Во Пингле реката се спојува со две други помали реки и продолжува на југ под името Гуј, која пак се влева во реката Сји, која е западна притока на Бисерната Река во Вуџоу.
Во горното течение, реката Ли е поврзана преку древниот канал Лингчи со реката Сјанг, која тече на север и се влева во Јангцекјанг. Затоа во минатото реките Ли и Гуј претставувале мошне важни водни патишта кои ја поврзувале долината на Јангцекјанг со делтата на Бисерната Река.
Реките Ли и Гуј имаат течение од 437 километри со карактеристични стрмни зелени ридови од обете страни. Позната атракција на реката Ли е рибарењето со корморани. Необичните карстни ридови во тие предели неретко се споредуваат со оние во заливот Халонг во Виетнам.
Содржина |
Предели [уреди]
Долж 100 километри по течението на Ли се извишуваат планински врвови. Оваа област е меѓу најпознатите предели во Кина. Некои поважни места од интерес се:
- Карпа на Писките: a варовничка пештера with a large number of сталактити, сталагмити, сталакто-сталагмити, карпести пердиња и пештерски корали.
- Парк „Седум Ѕвезди“: најголеиот парк во Гујлин.
- Планина на Раскошните Бои: планина составена од многу слоеви на карпи во најразлични бои.
- Рид-Сурла: рид што изгледа како огромен слон како пие вода со сурлата. Ова е симбол на градот Гујлин.
- Каналот Лингчи: прокопан во 214 п.н.е., еден од трите големи водоснабдувачки проекти во древна Кина и најстариот постоечки канал во светот.
- Други атракции: врвот Дусју, паркот Нансји, реката Таохуа, џиновскиот банјан, и националниот фолклорен парк Хуашан-Лиџианг.
Пределите на реката Ли се прикажани на банкнотата од 20 јуани.
Галерија [уреди]
-
Ридот-Сурла, симбол на Гујлин
Поврзано [уреди]
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Ли (река)“ |
- Национален парк Гујлин и Лиџианг (англиски)
- Речни крстарења по Ли (англиски)