Лазар Младенов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лазар Младенов
Роден 7 август, 1956
Струмица, Македонија
Националност Македонец
Занимање обштественик, активист, претприемач

Лазар Младенов — контроверзен македонски обштественик и фашист.[1] основач на Бугарскиот културен клуб во Скопје.[2][3] Роден во Струмица.

Биографија[уреди | уреди извор]

Лазар Младенов е роден на 7 август 1956 година во Струмица, тогаш во СР Македонија.[2] Завршува основно и средно школско образование во родниот град. Заедно со Димитар Галев и Младенов организира првите чествувања на македонскиот револуционер Тодор Александров.[4] Потоа заминува за Скопје, каде што следува архитектура, а подоцна развива сопствен бизнис. Влегува во политиката во 1990 година. На 4 мај 2008 година го основува контроверзниот Бугарскиот културен клуб во Скопје, каде што почнал да води про-бугарска пропаганда во Македонија преку издавање бугарски пасоши.[5]

Лазар Младенов имал долга историја со несогласување на политиката на Македонија, според него, додавање на бугарите во уставот на Македонија е проблематична дискуја и ќе донесе поделби. Тој исто спомнува како бугарската влада го изолира бугарскиот клуб во Скопје.[6] Лазар Младенов во 2018 се заканувал кон македонската влада и ВМРО-ДПМНЕ дека ако не гласале за уставните промени на името на Македонија ќе ги земел нивните бугарски пасоши.[7] Кој што беше потврдено од страна на ВМРО-ДПМНЕ дека немале бугарски пасош.[8] Младенов верува во фалсификуваната теорија дека бугарското малцинство во Македонија се дискриминирани,[9] но според сведоштва од бугарски граѓани во Македонија, не се чувстувале дискриминирани.[10] Лазар Младенов признал дека проба да шири бугарска пропаганда во Македонија, и да го шири бугарскиот литературен норм во Македонија.[11] Тој не го признава македонскиот народ и јазик.[12]

Околу 2010-тите се враќа во родниот град, каде што живеел со неговата жена и две деца.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Лазар Младенов во еден интервју со ВОА тврди дека Мара Бунева треба да има своја плоча во Скопје и дека ја почитува нејзината улога во Македонското револуционерно дело, изјаснувајќи дека Иван Михајлов и Мара Бунева имале иста идеалогија, која што беше фашизмот, признавајќи неговиот интерес кон фашизмот, за повеќе информации видете Нова спомен-плоча за Мара Бунева (2014) од Синиша Станковиќ во ВОА
  2. 2,0 2,1 2,2 Еков, Евгениј (31 октомври – 6 ноември 2008 г). „Интервју на г-н Лазар Младенов за весник Политика“. Български културен клуб – Скопие / Весник „Политика“, број 237, 31 октомври – 6 ноември 2008. Посетено на 22 декември 2023 г. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  3. „Лазар Младенов: Европейска България е шансът за Европейска Македония“. Македонски научен институт. 22 януари 2019 г. Посетено на 23 декември 2023 г. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  4. „Борис Трайковски обичаше Америка“. 168 часа. 5 юли 2020 г. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  5. Колку пасоши на Македонци ќе се најдат под лупа на Софија? (2018) од Ивана Стојановска
  6. Лазар Младенов вели дека впишувањето на Бугарите во Уставот ќе донесе поделби (2022) од Фактор
  7. БОМБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА БУГАРСКИОТ КУЛТУРЕН КЛУБ, ЛАЗАР МЛАДЕНОВ : ДОКОЛКУ ПРАТЕНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ НЕ ИЗГЛАСААТ ЗА УСТАВНИТЕ ПРОМЕНИ БУГАРИЈА ЌЕ ИМ ГИ ОДЗЕМЕ БУГАРСКИТЕ ПАСОШИ!!! (2018) од Народен Глас
  8. ВМРО-ДПМНЕ го демантира Каракачанов од ВМРО-БНД: Немаме бугарски пасоши и не сме на гласачкиот список во Бугарија (2021) од Сашо Спасоски
  9. ЛАЗАР МЛАДЕНОВ ОТ СКОПИЕ: ВЪПРЕКИ ДИСКРИМИНАЦИЯТА И РЕПРЕСИИТЕ – НИЕ СМЕ ТУК! (2013) од Екип На Биволъ
  10. Бугари во Скопје не се чувствуваат дискриминирани, сакаат крај на кризата меѓу двете земји (ВИДЕО) (2023) од Експрес МК
  11. Лазар Младенов- председател на Българския културен клуб в Скопие: „Пътят на българщината е трънлив, но ние няма да спрем да вървим по него“ (2017) од Живков Иванов
  12. За Бугарскиот културен клуб во Македонија нема македонски јазик ниту Македонци (2012) од ВМРО