Кјари Памју Памју

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кјари Памју Памју

Кјари во Париз, Франција, 2012.
Биографски податоци
Родено име Кирико Такемура[1]
Роден(а) 29 јануари 1993
Нишитокио, Токио, Јапонија
Потекло Токио, Јапонија
Жанрови J-pop, поп, денс, рок
Занимања пејач, модел, блогер
Период на активност 2010–денес
Соработници Warner Music Japan
Мреж. место kyary.asobisystem.com/index.php

Кјари Памју Памју (きゃりーぱみゅぱみゅ Kyarī Pamyu Pamyu?, родена 29 Јануари 1993) е јапонска моделка, блогерка и пеачка од Хараџуку областа на Токио. Нејзиното официјално уметничко име е Каролин Чаронплоп Кјари Памју Памју.

Кариера[уреди]

Кјари стартираше како моден блогер а потоа ја започна својата професионална кариера како модел за Хараџуку модни списанија како што се Kera! и Zipper.[2] По постигнатата слава почна да се втемелува како бизнисменка лансирајки линија на вештачки трепки наречена "Harajuku Doll Eyelashes by Eyemazing x Kyary"[3] и да се појавива на модни ревии.[4] Во април 2011 го организираше настанот "One Snap For Love" заедно со јапонскиот моден уредник и фотограф Јасума Јонехара и јапонскиот бренд 6%DokiDoki, кој беше посветен на жртвите од 2011 Тохоку цунмито и земјотресот.[5]

Во јули 2011 ја започна својата музичка кариера издавајки го својот прв сингл "PonPonPon". Музичкиот спот, посветен на Kawaisa и Decora културата беше објавен на YouTube и стана вирусен хит.[6][7] Американската пејачка Кејти Пери, фан на Кјари, го представи музичкото видео на својот твитер.[8] Јасутака Наката е продуцент на синглот кој е првата песна од мини-албумот на Кјари, Моши Мoши Хараџуку (Moshi Moshi Harajuku), кој беше издаден на 17 август 2011.[9] "PonPonPon" беше издаден на 31 јули, 2011 и влезе во Billboard Japan's Hot 100s на 72 место.[10]

Вториот сингл, "Jelly", беше меѓународно издаден на iTunes на 3 август, 2011. Една недела по издаваљето на својот мини-албум, Кјари издаде и афтобиографија за својот успех и слава поименувана Oh! My God!! Harajuku Girl.

На 7 декември, 2011, новите сигл и видео на Кјари Памју Памју, "Tsukema Tsukeru" беа дигитално и меѓународно издадени преку iTunes.

На 9 декември, 2011, Кјари Памју Памју ги посети обединетите држави да настапи на модна ревија и исполни две од своите хит песни во Culver City. Тоа е прв пат за Кјари да настапува во туѓина и прв пат да ја пее "Tsukema Tsukeru."[11]


На 1 јануари, 2012, нејзиниот прв физички сингл излегна, поименуван "Tsukema Tsukeru", во кој беше вклучена и специално издание на книга со слики.

Дискографија[уреди]

  • 2011: Moshi Moshi Harajuku
Синглови
  • 2012: "Tsukema Tsukeru"

Референци[уреди]

Надворешни линкови[уреди]