Белешка: Оваа статија содржи МФА-фонетски знаци во Уникод.
Куотскиот јазик, или панариски, е јазичен изолат, единствен неавстронезиски јазик кој се зборува на територијата на островот Нова Ирска во Папуа Нова Гвинеја. Јаизкот го зборуваат околу 2,400 луѓе, кои воглавно се наоѓаат на северозападниот брег на островот. Поради малиот број на луѓе кои го зборуваат јазикот не се забележани дијалекти.[1]