Кумулус[1] (латински: cumulus — натрупување) или купест облак – вид ниски облаци. Се создаваат при интензивни вертикални струења на воздухо, исклучиво од водени капки. Се состојат од натрупувања со бела боја со хоризонтална основа и врв во облик на пласт сено или купа. Даваат ретки и слаби врнежи. Се јавуваат наутро, преку денот достигаат најголемо простирање, а до ноќта исчезнуваат. Се развиваат на висини од 200 до 2.000 метри.