Фрактус

Од Википедија — слободната енциклопедија
Фрактус
Фрактуси над планината Поважски Иновец.
Фрактуси над планината Поважски Иновец.
КратенкаSt fr., Cu fr., Frnb
РодКумулус или Стратус
ВидФрактус (откршен)
Изгледнеобичен, раштркан
Врнежен?Не, но може да придружува дождливи облаци
Кумулус фрактус

Фрактуси или раштркани облаци — мали, носени облачни фрагменти кои обично се наоѓаат под амбиентална облакчна основа. Тие се создаваат или се отцепиле од поголем облак, и општо се одделени од силни ветрови, давајќи им заматен, раштркан изглед. Фрактусот има неправилни обрасци, кои се појавуваат многу како искинати парчиња на шеќерна волна. Тие постојано се менуваат, честопати создавајќи и расипувајќи се брзо. Тие немаат јасно дефинирани основи. Понекогаш тие се постојани и се создаваат многу близу до површината. Заеднички видови вклучуваат панус и облачните делчиња (мали облаци).[1]

Облици[уреди | уреди извор]

Нимбостратус во позадина со фрактус во средината на горната половина на сликата.

Фрактусите се додатоци на облаците, именувани поради типот на облак од кој тие се одделени. Двете главни форми се кумулус фрактус (порано, фрактокулулус) и фрактус стратус (порано, фрактостратус). Фрактусите може да прераснат во кумулус ако земјата се загрее доволно за да започне конвекцијата. Стратус фрактусот е разликуван од кумулус фрактусот по помал вертикален обем, потемна боја и со поголема дисперзија на неговите честички.

Кумулус фрактусите всушност изгледаат како носени кумулуси.[1] Тие можат да потекнуваат од распаднати кумулуси, појавувајќи се во овој случај како бели носени облаци сместени на значајни растојанија едни од други. Кумулус фрактус особено се создава на водечките и заостанувачки рабови на летните бури во топли и влажни услови.[2] Набљудување на фрактус дава индикација за движењата на ветерот под родителскиот облак.

Масите на повеќе фрактуси, сместени под главниот облак, се нарекуваат панус .

Фрактонимбусот е облик на стратус фрактус, што се развива под облаците од врнежи заради турбулентно движење на воздухот. Тие се темносиви и раштркани по изглед. Фрактоминбусите постојат само под врнежливи облаци (како што се нимбостратус, алтостратус или кулумолонимбус), и не се произведуваат врнежи од себе. Фрактонимбусот со тек може да се спои целосно со преклопувачкиот нимбостратус.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Glickman, Todd S. (јуни 2000). Glossary of Meteorology. Бостон: American Meteorological Society.
  2. NOAA Cloud Types - NOAA Chart of Different Cloud Types.